Регион
2 мин читање
Тепачка меѓу граѓани и обезбедувањето пред белградското Собрание
Демонстрантите пред Градското собрание извикуваа „Рацете ви се крвави“ и фрлаа со јајца и црвена боја, а дел од граѓаните опколија полициско возило не дозволувајќи му да се движи
Тепачка меѓу граѓани и обезбедувањето пред белградското Собрание
Конфликтот избувнал кога граѓаните се обиделе да ја тргнат заштитната ограда пред зградата
пред 4 часа

Група граѓани кои во четвртокот наутро се собраа пред влезот на зградата на Градското собрание во Белград, физички се пресметаа со обезбедувањето. Конфликтот избувнал кога граѓаните се обиделе да ја тргнат заштитната ограда пред зградата и да влезат во Собранието.

По неколку минути обезбедувањето било заменето со полициски службеници кои привеле неколку лица за кои постои сомневање дека учествувале во тепачка со обезбедувањето.

Граѓаните опколија полициско возило не дозволувајќи му да се движи, а неколку опозициски советници и граѓани се судрија со полицијата.

Насобраните граѓани пред Градското собрание извикуваа „Рацете ви се крвави“ и фрлаа со јајца и црвена боја кон зградата на Градското собрание.

Митингот претходно беше најавен преку социјалните мрежи, а еден од главните организатори е Иницијативата „Мостот останува“ која се противи на отстранувањето на Стариот Савски мост.

Организаторите на митингот повикаа на блокирање на седницата на градското собрание во Белград, која почна нешто по 10 часот во четвртокот. 

Како што наведоа, „единствените легитимни точки на дневниот ред треба да бидат поддршка на студентските протести и мораториум на нетранспарентни градежни проекти“.

Членовите на опозицијата успеаја накратко да ја прекинат седницата на градскиот совет со интонирање на химната на Република Србија. 

Советниците од движењето „Започни промени“ и од „Зелено-левиот фронт“ ширea српски знамиња пред говорницата. Тие ги поканија пратениците од владејачкото мнозинство да им се придружат во интонирањето на химната, но тие останаа во своите фотелји.

Советникот на движењето Старт промени Саво Манојловиќ рече дека седницата се одржала незаконски и дека „претседавачот нема записник, ниту знае што се гласа или како се гласа“.




повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us