Туркије
1 мин читање
Туркије го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Газа на самитот на Арапската лига
Вонредниот арапски самит во Каиро вчера го усвои египетскиот план вреден 53 милијарди долари за обнова на Појасот Газа без раселување на Палестинците од нивната земја
Туркије го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Газа на самитот на Арапската лига
Туркије го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Газа на самитот на Арапската лига
5 март 2025

Туркије денес го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Појасот Газа на самитот на Арапската лига, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме иницијативите што имаат цел постигнување траен прекин на огнот, започнување на обновата на Газа и кои ќе обезбедат Палестинците да живеат во мир на сопствена земја“, се вели во соопштението на Министерството.

Вонредниот арапски самит во Каиро вчера го усвои египетскиот план вреден 53 милијарди долари за обнова на Појасот Газа без раселување на Палестинците од нивната земја.

Арапскиот предлог дојде по планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја „преземе“ Газа и да ги исели Палестинците за да ја развие во „ривиера на Блискиот Исток“.

Неговиот план беше отфрлен од арапскиот свет и многу други земји што рекоа дека тоа соодветствува на етничко чистење.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us