Лос Анџелес Лејкерс утринава на домашен терен го совлада Њу Орлеанс со 136:115, а натпреварот го одбележа домашниот кошаркар Леброн Џејмс, кој стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и во плејофот.
Џејмс имаше 49.999 постигнати поени пред натпреварот против Њу Орлеанс. Најдобриот играч на ЛА Лејкерс натпреварот против Њу Орлеанс го заврши со 34 поени и стигна до 50.033 постигнати поени во регуларниот дел од сезоната и во НБА плејофот.
Веќе најдобриот стрелец во лигата на сите времиња, Џејмс го надмина рекордот на Карим Абдул-Џабар во редовната сезона во 2023 година.
Сега, тој го зголемува своето водство со скоро 6.000 вкупно поени во кариерата повеќе од 44.149 на Абдул-Џабар.
По Џејмс и Абдул-Џабар, Карл Мелоун е на третото место со 41.689 поени, починатиот Коби Брајант е четврти со 39.283, а Мајкл Џордан ја заокружува првата петорка со 38.279.
Словенечкиот кошаркар Лука Дочиќ на дуелот против Њу Орлеанс забележа 30 поени, 15 асистенции и осум скока. Во тимот на Њу Орлеанс најдобар беше Зион Вилијамсон со 37 поени, шест асистенции и четири украдени топки.
ЛА Лејкерс се на второто место во западната конференција на НБА со 39 победи и 21 пораз.
Кошаркарите на Феникс на домашен терен го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 119:117, иако губеа со 23 разлика кон крајот на третата четвртина.
Кевин Дурент беше одличен во победничкиот тим, постигнувајќи 34 поени, 7 скока и четири асистенции. Најефикасен во тимот на Лос Анџелес беше Ивица Зубац со 35 поени, 10 украдени топки и три асистенции.
За тоа време забележа 13 поени, четири скока и три асистенции.
ЛА Клиперс се на деветтото место во западната конференција на НБА со 32 победи и 29 порази, додека Феникс е на 11. место со скор 29/33.
Водечкиот тим во НБА, Кливленд Кавалирс, ја забележа 11-та последователна победа, победувајќи го Чикаго Булс на гости со 139-117. Донован Мичел постигна 28 поени, а Џерет Ален 25 поени и 17 скока за Кливленд, кој ја надмина негативата од 15 поени во втората четвртина и во последната четвртина тргна во серија од 14-0 за да ја обезбеди победата. Коби Вајт беше најдобар кај Булси со 25 поени. Чикаго загуби по деветти пат во 11 натпревари и сега е десетти на Истокот со скор од 24-38 победи-порази.
Голден Стејт Вориорс го победија со 114-102 на гостински терен третопласираниот тим во Источната конференција, Њујорк Никс. Стеф
Кари ги предводеше Вориорс со 28 скока, а Џими Батлер и Брандин Подзиемски додадоа по 19 поени. Најдобар стрелец кај Никс беше Ануноби со 29 поени, додека Џејлен Брунсон постигна 25 и додаде седум асистенции.