РЕГИОН
4 мин читање
Во Прилеп промовирани новите турски хаубици „Боран“
„Со вториот договор, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците, системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизност на делувањето на нашите единици.“
Во Прилеп промовирани новите турски хаубици „Боран“
Во Прилеп промовирани новите турски хаубици „Боран“ / AA
18 јули 2025

Северна Македонија ги промовираше шесте хаубици 105 mm „Боран“ и другата придружна опрема набавени од Туркије во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата.

Во церемонијата што се одржа во Касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорот на Туркије, Фатих Улусој, генералниот директор на МКЕ, Илхами Келеш, директорот на Канцеларијата на „Аселсан“ за Балкан, Доган Џошкун, министри, пратеници и високи претставници на турските и македонските институции.

Премиерот Мицкоски, во својот говор, кажа дека денес стојат пред важен чекор на Северна Македонија, истакнувајќи: „Го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани“.

Тој кажа дека преку Министерството за одбрана успешно се реализирани два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема усогласена со НАТО-стандардите.

„Во рамки на првиот договор, се набавени и веќе испорачани шест хаубици, моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година“, рече Мицкоски.

„Со вториот договор, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците, системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизност на делувањето на нашите единици“, додаде тој.

Мисајловски од друга страна рече дека оваа нова опрема, којашто е дел од вложувањето во артилерискиот баталјон, артилериска батерија со шест хаубици „Боран“, влијае на сериозно зголемување на борбената готовност на Армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на Северна Македонија и сигурноста на македонските граѓани.

Објаснувајќи дека оваа опрема е произведена во Туркије, согласно со највисоките НАТО-стандарди, министерот Мисајловски рече: „Набавката на оваа воена опрема преку договорот влада со влада упатува една јасна порака дека ние имаме огромна доверба во високиот квалитет на производите од турската воена наменска индустрија.“

Заблагодарувајќи им се на Туркије, турскиот министер за одбрана и амбасадорот на Туркије посебно во делот на донациите, министерот информираше дека Туркије донираше преку 130 шатори, но и преку 3900 комплети борбени униформи, снајпери, чизми, возила, кои се очекува да стигнат како донација од Туркије.

Улусој во својот говор им ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган на учесниците, велејќи: „Туркије отсекогаш била покрај Северна Македонија и нашите браќа и сестри во оваа земја уште од нејзината независност“.

Потсетувајќи дека Мицкоски беше примен од претседателот Ердоган во Истанбул во февруари, Улусој нагласи дека односите меѓу двете земји се подигнати на ниво на стратешко партнерство со заедничката политичка декларација за формирање на Совет за соработка на високо ниво, потпишана за време на оваа посета.

„Нашата соработка во воената и одбранбената индустрија претставува важен столб на нашите билатерални односи. Приоритетот на Балканот во турската надворешна политика и важноста што ја придаваме на безбедноста и стабилноста на овој регион, кој не го одвојуваме од нашиот, исто така ја формираат основата на нашата воена соработка на билатерални и мултилатерални платформи“, рече Улусој.

Амбасадорот Улусој, исто така, изјави дека ќе продолжат напорите за понатамошно унапредување на односите меѓу Туркије и Северна Македонија во секоја област.

Генерал-мајор Лафчиски кажа дека ова е силна потврда за стратешката ориентација на Северна Македонија, за модернизацијата на Армијата согласно со НАТО-стандардите.

„Нашиот стратешки партнер Република Турција (Туркије) повторно ја потврди нивната несебична, искрена и братска поддршка, со решителност да работиме заедно, да го градиме и јакнеме партнерството кое со години наназад ни донесе многу придобивки“, кажа Лафчиски.

Кажувајќи дека Турските вооружени сили го добија ова вооружување во 2021 година, додаде: „За само 4 години подоцна е дел и од нашата армија. Со што сме првата земја во Европа која го поседува.“

Генерал-мајор Лафчиски, на военото аташе, полковник Реџаи Јилмаз, му додели значка на Армијата за партнерство, координација и соработка, која ја прими лице од амбасадата на Репубика Туркије во Скопје.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us