Која земја во регионот има најмногу странски директни инвестиции?
Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави макед
Која земја во регионот има најмногу странски директни инвестиции?
Која земја во регионот има најмногу странски директни инвестиции?
4 март 2025

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски во текот на минатата недела. Со тоа, како што наведува, земјата го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.

Еве колку изнесуваат странските директни инвестиции во 2024 година во земјите од регионот.

Според официјалните достапни податоци Србија е земја со најголем износ на странски директни инвестиции на Западен Балкан, во однос на 2024 година. 

Според прелиминарните податоци од Народната банка на Србија, во текот на 2024 година е забележан рекорден бруто прилив на странски директни инвестиции (СДИ или ДСИ) во износ од 5,2 милијарди евра, а нето-приливот е 4,6 милијарди евра, што претставува раст од 14,2 отсто на меѓугодишна основа.

„Расположливите податоци за структурата за првите три квартали покажуваат дека 45 отсто од вкупниот прилив биле инвестиции во акционерски капитал, 32 отсто во реинвестирање на остварената добивка, додека меѓукомпаниските заеми учествуваат со 23 отсто од вкупниот прилив на странски директни инвестиции“, наведуваат од Народната банка на Србија.

Споредено со земјите од регионот, по Србија, Хрватска е втора земја со најголем број странски директни инвестиции во 2024 година.


Приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Хрватска достигна 3,2 милијарди евра (3,3 милијарди долари) во првите девет месеци од 2024 година, соопшти хрватската Централна банка, повикувајќи се на прелиминарни податоци.

Според Централната банка на Албанија, странските директни инвестиции (СДИ) во земјата изнесуваат вкупно 1,1 милијарда евра во првите девет месеци од 2024 година, што претставува зголемување од 56 милиони евра во споредба со истиот период во 2023 година, покажуваат најновите податоци на Централната банка на Албанија.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека заклучно со октомври 2024 година странските директни инвестиции бележат пораст.

„Директните странски инвестиции во Косово достигнаа 806,95 милиони евра. Тоа претставува зголемување од 7,70 отсто во однос на истиот период од 2023 година, кога тие изнесуваа 749,24 милиони евра. Ако овој тренд продолжи, СДИ се на пат или да се совпаднат или да го надминат годишниот вкупен износ од 840,1 милиони евра забележан во 2023 година. Структурата на инвестиции се состои од три главни компоненти – приливи на капитални инвестиции од 621,89 милиони евра; реинвестирање на заработка од 265,71 милиони и должнички инструменти (кредитирање меѓу фирми) во износ од 176,15 милиони евра“, велат од Централната банка на Косово.

Во текот на 2024 година во Босна и Херцеговина странците во Босна и Херцеговина инвестирале 775,4 милиони евра, што е за 3,4 отсто помалку во однос на година претходно.

„Износите на СДИ за компонентите на сопственичките акции и нераспределената добивка се во пораст во однос на претходната година, додека намалувањето е забележано кај останатиот капитал. Исто така, ако се спореди износот на СДИ за трите квартали во 2024 година со просечниот износ од истиот период за претходните пет години, тогаш имаме пораст од 32,5 отсто“, велат од Агенцијата за промоција на странски инвестиции во БиХ (ФИПА).

Според прелиминарните податоци од Црна Гора, нето-приливот на странски директни инвестиции во 2024 година изнесува 489,94 милиони евра, што претставува зголемување од 12,99 отсто во однос на 2023 година.

„Вкупниот прилив на странски директни инвестиции изнесува 889,80 милиони евра што е за 3,18 отсто повеќе во однос на претходната година. Овој раст е резултат на растот на приливите по основ на меѓукомпаниски долг од 9,78 отсто или 25,92 милиони евра, како и на приливот по основ на инвестиции во компании и банки од 19,60 отсто или 18,67 милиони евра“, наведува Централната банка на Црна Гора.



ИЗВОР:TRT Balkan
повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us