5 март 2025
Јапонија, Јужна Кореја и други земји сакаат да бидат партнери со САД во „џиновскиот“ гасовод за природен гас во Алјаска и да инвестираат трилиони долари, изјавиамериканскиот претседател Доналд Трамп.
Во обраќањето пред американскиот Конгрес, тој рече дека гасоводот ќе биде еден од најголемите во светот, пренесува Ројтерс.
Јужнокорејското Министерство за индустрија соопшти дека министерот Ан Дук-геун разговарал за проектот со американски официјални претставници за време на посетата на Вашингтон минатата недела, но деталите не се решени.
„Ние активно ќе се вклучиме во дискусии со САД за да постигнеме напредок бидејќи ова е прашање од заеднички интерес за двете земји“, изјави портпаролот на Министерството по изјавата на Трамп.