Политика
2 мин читање
Претседателот на Европскиот совет: Безбедноста на Европа и Украина се испреплетени
„Токму затоа сме тука – за да ја поддржиме Украина во постигнувањето на сеопфатен, праведен и траен мир“, рече Коста
Претседателот на Европскиот совет: Безбедноста на Европа и Украина се испреплетени
Претседателот на Европскиот совет: Безбедноста на Европа и Украина се испреплетени
пред 4 часа

Одбраната и безбедноста на Европа и Украина се неразделно поврзани, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, јавува Анадолу.

Говорејќи во Брисел, пред почетокот на специјалниот самит на Европскиот совет за европската одбрана и за Украина, на кој присуствува и украинскиот претседател Владимир Зеленски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Коста истакна:

„Токму затоа сме тука – за да ја поддржиме Украина во постигнувањето на сеопфатен, праведен и траен мир.“

Од своја страна, Фон дер Лајен нагласи дека вонредните времиња бараат вонредни мерки.

„Ова е пресвртна точка за Европа, а Украина е дел од нашето европско семејство. Истовремено, ова е и пресвртна точка за самата Украина. Европа се соочува со јасна и непосредна закана, затоа мора да биде способна да се заштити и да се брани. Воедно, мора да ја ставиме Украина во позиција да се заштити и да се избори за траен и праведен мир“, изјави таа.

Фон дер Лајен додаде дека ЕУ сака „мирна, но силна Европа“, поради што на лидерите им го претставила планот за повторно вооружување на Европа (Rearm Europe).

Зеленски ја пофали поддршката на ЕУ за Украина:

„Многу е важно што испративте силен сигнал до украинскиот народ, до нашите војници, до цивилите и до сите наши семејства. Одлично е што не сме сами. Го чувствуваме тоа и го знаеме“, порача Зеленски.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us