Култура
3 мин читање
ЛШ: Реал победник во градското дерби, Арсенал го прегази ПСВ во Ајнховен
Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 1:3 на гостински терен, добивајќи голема предност во пресрет на реваншот, а најинтересно во реваншите идната среда ќе биде во Лил, откако Французите одиграа 1:1 во Дортмунд
ЛШ: Реал победник во градското дерби, Арсенал го прегази ПСВ во Ајнховен
Арсенал го декласираше ПСВ со 1:7 во Ајндховен, практично обезбедувајќи пласман во четвртфиналето по првиот натпревар
4 март 2025

Арсенал е со една нога во четвртфиналето, откако постигна седум гола против ПСВ и обезбеди мирен реванш во Лондон по вечерашните дуели од осминафиналето на Лигата на шампиони. 

Во останатите натпревари Реал Мадрид го совлада Атлетико Мадрид, Борусија и Лил одиграа реми, а убедлив триумф оствари Астон Вила во Бриж.

Во својот 500-ти настап во Купот и Лигата на шампионите, Реал Мадрид го совлада градскиот ривал со 2:1, остварувајќи ја 302-та победа со 85 нерешени и 113 порази.

Ове беше 11 пресметка меѓу градските ривали во европските натпреварувања, а Реал ја постигна шестата победа. Атлетико славел три пати, а два меча беа нерешени.

Головите за Реал ги постигнаа Родриго (4) и Брахим Дијаз (55), додека стрелец за гостите беше Алварез (32).

Арсенал го декласираше ПСВ со 1:7 во Ајндховен, практично обезбедувајќи пласман понатаму по првиот натпревар.

Головите за лондонскиот тим ги постигнаа Јуриен Тимбер (18), Итан Нванери (21), Микел Мерино (31), Мартин Одегард (47, 73), Леандро Тросард (48) и Рикардо Калафиори (85), додека голот за домашните беше дело на Ноа Ланг (43-11 м).

Борусија Дортмунд и Лил ремизираа 1:1.

Домашните поведоа во 22. минута со голот на Карим Адејеми. Рајерсон нафрли од корнер, гостинската одбрана ја расчисти топката до Адејеми кој упати брилијантен удар од 20 метри за водство. Во финишот на првото полувреме германскиот тим постигна втор гол, но Паскал Грос беше во офсајд.

Гостите израмнија во 68. минута по убав потег кој во гол го претвори исландскиот интернационалец Хакон Арнар Харалдсон.

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 1:3 на гостински терен, добивајќи голема предност во пресрет на реваншот.

Гостите од Бирмингем поведоа во Бриж уште во 3. минута, преку Леон Бејли. Домашните израмнија во 12. минута, асистираше Христос Цолис, а стрелец беше Максим де Кујпер.

Гостите дојдоа до нова предност со автоголот во 82. минута на Брендон Мекел, кој несмасно ја смести топката во сопствената мрежа.

Гостинската замена Марко Асенсио погоди од пенал во 86. минута за да го постави конечниот резултат.

Реваншите се играат следната среда.

 Познато е дека во четвртфиналето победникот од натпреварот ПСЖ - Ливерпул ќе игра против победникот од натпреварот Клуб Бриж - Астон Вила, победникот од натпреварот ПСВ Ајндховен - Арсенал ќе игра против победникот од натпреварот Реал - Атлетико, победникот од натпреварот Бенфика - Ливерпул, победникот од мечот Бенфика - Барселона, победникот од Баер - Баерн против Феенорд или Интер.

Утре- 5 март се играат преостанатите натпревари од осминафиналето на ЛШ:

Феенорд - Интер 

Баерн - Баер

Бенфика - Барселона

Париз СЖ - Ливерпул 


повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us