Регион
2 мин читање
Грчката опозиција поднесе предлог за осуда на владата на Мицотакис за железничката несреќа во Темпи
Предлогот што треба да го поднесе ПАСОК го поддржуваат и другите опозициски партии, а ја обвинува владата дека не ја презема одговорноста за несреќата и не ги поправи безбедносните проблеми што доведоа до најголемата железничка несреќа во земјата
Грчката опозиција поднесе предлог за осуда на владата на Мицотакис за железничката несреќа во Темпи
За време на одбележување на втората годишнина од несреќата дојде до жестоки судири на демонстрантите со полицијата
5 март 2025

Лидерот на најголемата грчка опозициска социјалистичка партија ПАСОК, Никос Андрулакис, денеска изјави дека партијата ќе поднесе предлог за осуда на владата на премиерот Киријакос Мицотакис поради железничката несреќа, во која пред две години загинаа 57 лица.

Предлогот што треба да го поднесе ПАСОК го поддржуваат и другите опозициски партии, кои тврдат дека владата на Мицотакис го загубила мандатот од народот, пренесува Ројтерс.

Опозицијата, исто така, ја обвинува владата дека не ја презема одговорноста за несреќата и не ги поправи безбедносните проблеми што доведоа до најголемата железничка катастрофа во земјата.

Владата, со 156 пратеници во 300-члениот парламент, се очекува да го преживее предлогот на опозицијата, според Ројтерс.

Мицотакис вчера негираше дека владата го одложува судењето за железничката несреќа во Темпи во 2023 година, што исто така предизвика масовни протести.

За време на одбележување на втората годишнина од несреќата на 28 февруари илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Синтагма во Атина а да го покажат својот гнев поради како што велат недостаток на правда. При тоаа дијде до жестоки судири со полицијата. 

Работниците кои штрајкуваа ги приземјија летовите и го запреа поморскиот и копнениот транспорт низ целата земја, додека продавниците беа затворени, а театрите ги откажаа претставите.

На 28 февруари 2023 година, два воза се судрија во долината Темпи, при што загинаа 57 луѓе, а неодамна објавените аудио снимки покажаа дека околу 30 од оние луѓе кои ја преживеале несреќата подоцна починале од задушување или изгореници.

Резултатите од истрагата, кои беа објавени на крајот на февруари годинава, покажаа дека во пожарот загинале седум лица.

Голем дел од патниците биле студенти, а на аудио снимките, кои всушност се снимени повици од еден од нив на европската итна телефонска линија 112, се слуша како повикуваат помош или се борат да земат воздух.



повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us