Политика
2 мин читање
Во рускиот ракетен напад врз Криви Рог загинаа четворица, повеќе од 30 се повредени
Руската армија изврши напад врз цивилната инфраструктура на Криви Рог, предизвикувајќи пожар во погодениот хотел, кој во меѓувреме е изгаснат, а на местото на несреќата сѐ уште се водат итни и спасувачки операции за расчистување на урнатините
Во рускиот ракетен напад врз Криви Рог загинаа четворица, повеќе од 30 се повредени
Освен хотелот, во нападот се оштетени и 14 станбени згради, пошта, речиси дваесет автомобили, културна установа и 12 продавници
пред 8 часа

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Криви Рог се искачи на четири, а 30 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени, соопштија украинските власти.

Повеќето од повредените се хоспитализирани, а 14 се во тешка состојба, пренесува Укринформ.

Руската армија изврши ракетен напад врз цивилната инфраструктура на Криви Рог, предизвикувајќи пожар во погодениот хотел, кој во меѓувреме е изгаснат, а на местото на несреќата се уште се водат итни и спасувачки операции за расчистување на урнатините.

Освен хотелот, во нападот се оштетени и 14 станбени згради, пошта, речиси дваесет автомобили, културна установа и 12 продавници. 

Јуриј Сак, советник на украинското Министерство за стратешки индустрии, рече дека станува збор за напад на „цивилен, мирен хотел“.

Шефот на регионалната воена управа Сергеј Лисак на Телеграм објави дека на повредените им е укажана сета неопходна медицинска помош.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина претходно предупредија на употреба на руско балистичко оружје.

Државната служба за итни случаи соопшти дека на местото на нападот во Криви Рог се спасени 19 лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека во хотелот биле американски и британски доброволци од хуманитарна организација и дека операцијата за извлекување траела цела ноќ.

„Преживеаја бидејќи успеаја да излезат од собите. Но за жал, четири лица загинаа во нападот. Повредени се повеќе од 30 лица, на сите им била укажана неопходна помош. Сите спасувачки служби се уште работат на местото на настанот. Не смее да има пауза во притисокот врз Русија да ја запре оваа војна и терор против животот“, рече украинскиот претседател.

Ова не беше единствениот напад на руските сили вечерва. Во напад со беспилотно летало на Одеса, пристанишен град на брегот на Црното Море, две лица беа повредени и уништена е двокатна зграда.

Според информациите објавени од украинската војска, Русите синоќа лансирале 112 беспилотни летала и два проектили. 

Од нив, 68 беспилотни летала беа соборени од украинските воздухопловни сили, додека 43  биле изгубени од радарите, но не предизвикале последици.


.


повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us