Политика
2 мин читање
Македонскиот спикер Гаши се сретна со хрватскиот колега Јандроковиќ
„Поддршката на Хрватска за Северна Македонија како во процесот на интеграција во ЕУ, така и во секоја друга област, е од непроценлива вредност и од клучно знаење за нас“, рече Гаши
Македонскиот спикер Гаши се сретна со хрватскиот колега Јандроковиќ
Македонскиот спикер Гаши се сретна со хрватскиот колега Јандроковиќ
пред 4 часа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава, јавува Анадолу.

Гаши го пречека Јандроковиќ со церемонија со високи државни и воени почести, а потоа преминаа на кратка тет-а-тет и средба меѓу делегациите.

По средбите Гаши и Јандроковиќ одржаа заедничка прес-конференција.

Во својот говор Гаши рече дека фокусот на нивната средба бил зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка.

„Хрватска беше и останува силен и континуиран поддржувач на европската перспектива на нашата држава“, рече Гаши.

Тој додаде дека оваа средба била и одлична можност да се потврди дека меѓусебното сојузништво е уште посилно преку соработката во рамките на НАТО, каде што двете земји активно учествуваат во мировните и безбедносните мисии.

„Поддршката на Хрватска за Северна Македонија како во процесот на интеграција во ЕУ, така и во секоја друга област, е од непроценлива вредност и од клучно знаење за нас“, рече Гаши.

Од своја страна, претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, истакна дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во својата истрајност на евроинтегративниот пат и во решавањето на препреките.

„Добро е да се оствари сојузништво во рамките на НАТО и на ЕУ“, нагласи Јандроковиќ.

Тој истакна дека политичките односи меѓу двете земји се извонредни, исто како и економската соработка бидејќи, како што рече, стоковата размена меѓу двете земји постојано расте.

Претседателот на хрватскиот Сабор по прес-конференцијата се обрати и пред пратениците во Собранието.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us