Политика
2 мин читање
Политико: Соработниците на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски
Според Политико, соработниците на Трамп разговарале со лидерот на опозицијата и поранешна премиерка Јулија Тимошенко, како и со високи членови на партијата на поранешниот претседател Петро Порошенко
Политико: Соработниците на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски
Неодамнешното истражување на јавното мислење покажа дека Зеленски има поддршка од 44 отсто
пред 9 часа

Четворица високи соработници на американскиот претседател Доналд Трамп одржале тајни разговори со водечките политички противници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави бриселскиот Политико.

Според тврдењето на тројца украинските пратеници и републикански експерт за надворешна политика на САД, соработниците на Трамп разговарале со лидерот на опозицијата и поранешна премиерка Јулија Тимошенко, како и со високи членови на партијата на поранешниот претседател Петро Порошенко.

Клучна тема на разговор била можноста за одржување на предвремени претседателски избори во Украина и покрај тоа што во моментов изборите се прекинати поради воената состојба.

Критичарите предупредуваат дека изборите под овие околности може да предизвикаат „хаос“ и да имаат корист за Русија, имајќи предвид дека милиони потенцијални гласачи се на фронтот или избегале.

Соработниците на Трамп веруваат дека Зеленски ќе ги загуби изборите поради незадоволството на јавноста од корупцијата и заморот од војната.

Иако неговата популарност опадна во последните години, последните анкети покажуваат дека тој се уште води во претседателската трка.

Неодамнешното истражување на јавното мислење покажа дека Зеленски има поддршка од 44 отсто, додека неговиот најблизок ривал, поранешниот командант на армијата и сегашен амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, заостанува повеќе од 20 отсто.

Порошенко има 10 отсто поддршка, а Тимошенко 5,7.

Иако Тимошенко и Порошенко јавно се против изборите пред крајот на војната, изворите тврдат дека преку неформални канали се позиционираат како политичари кои повеќе би сакале да соработуваат со администрацијата на Трамп.

Официјалните одговори од нивните партии избегнаа директно да ги потврдат разговорите со американските претставници, но ја истакнаа важноста од повоените слободни избори и воспоставувањето траен мир.

Зеленски ја отфрла можноста за повлекување, велејќи дека би победил на изборите доколку се одржат.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека политичката сцена во Украина брзо се менува, а односите со Вашингтон стануваат клучен фактор за иднината на земјата.

Официјалниот став на американската администрација, пак, е дека Трамп не влијае на внатрешната политика на Украина.

Оваа недела, министерот за трговија Хауард Лутник ги отфрли тврдењата дека Трамп „влијае на украинската политика“, додавајќи дека претседателот сака само партнер за мир.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us