Политика
3 мин читање
Фидан го осуди Израел и неговата политика кон соседите ја нарече „неодржлива“
Турскиот министер за надворешни работи потсети дека Израел ја гледа секоја арапска и муслиманска земја како закана, што е исклучително опасно, а неговата стратегијата да се задржат слаби сите држави со кои граничи е неодржлива
Фидан го осуди Израел и неговата политика кон соседите ја нарече „неодржлива“
Туркије сака да ѝ даде шанса на новата администрација во Дамаск да го реши прашањето за терористичката ПКК/ЈПГ, рече Фидан
пред 4 часа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека пристапот на Израел кон соседите претставува значајна закана.

Во интервју за британскиот Фајненшл Тајмс објавено во четвртокот, Фидан за неодамнешните напади на Израел на јужна Сирија рече дека тоа е јасна провокација.

„Тековните напади и новите движења на војниците се јасна провокација“, рече турскиот министер за надворешни работи.

Фидан потсети дека Израел ја гледа секоја арапска и муслиманска земја како закана, што е исклучително опасно.

„Стратегијата на Израел да се задржат слаби сите држави со кои гранични е неодржлива“, нагласи тој.

Фидан истакна дека СДФ, предводена од ПКК/ЈПГ, како терористичка група активна во Сирија е „заколнат непријател“ на Туркије.

„Не можеме да им дозволиме да продолжат“, рече тој.

Туркије сака да ѝ даде шанса на новата администрација во Дамаск да го реши прашањето за терористичката ПКК/ЈПГ, рече тој.

Доколку е потребно, рече тој, Туркије би можела да ги преземе камповите и затворите во североисточна Сирија, во моментов под контрола на ПКК/ЈПГ, каде што се држат терористите на ДАЕШ и сродните групи.

„Тоа е прашање на разузнавачка способност и воздушните сили“, рече тој, додавајќи дека соседите на Сирија би можеле да формираат своја регионална платформа и да продолжат да се борат против ДАЕШ дури и ако САД одлучат да се повлечат.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е наведена како терористичка организација од Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

Од падот на режимот на Асад во декември минатата година, Туркије постојано ја повикува ПКК/ЈПГ да се распушти или да се соочи со потенцијална воена операција.

И новата сириска администрација смета дека во земјата нема место за независни воени сили.

Фидан се осврна и на неодамнешните постапки на американскиот претседател Доналд Трамп, кои потресоа многу западни лидери, сугерирајќи дека тие служат како „повик за будење за обединување и дизајнирање на нашиот сопствен центар на гравитација“.

Тој додаде дека Туркије би сакала да биде дел од која било нова европска безбедносна архитектура доколку дојде до ситуација кога НАТО е распуштен. Туркије е членка на НАТО повеќе од 70 години и може да се пофали со втората по големина армија.

„Духот е надвор од ламбата и нема начин да се врати назад“, рече Фидан за европската безбедност и заклучи:


„Дури и ако претседателот Трамп одлучи да не се повлече од Европа во овој момент, можно е во иднина некој со слични ставови и политички идеи да размисли за намалување на придонесот на Америка за европската безбедност“.


повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us