Регион
2 мин читање
Македонскиот БДП со раст од 2,8 проценти во 2024 година
Подеднакво значајна вест е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1,2 милијарди евра, највисока сума во историјата на Македонија, изјави Марија Митева, портпаролката на Владата
Македонскиот БДП со раст од 2,8 проценти во 2024 година
Таа ги потенцираше главните фактори за растот на БДП, пред сѐ значителен раст од 13,2% во секторот градежништво
пред 4 часа

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 проценти во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 отсто, соопшти денеска портпаролката на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева.

Според Митева, Владата од првиот ден е посветена на градење силна, стабилна и просперитетна економија, економија која дава реални резултати за нашите граѓани и бизниси. 

„По години стагнација, неизвесност и пропуштени можности, поставивме нов курс, курс на раст, инвестиции и економска експанзија. Затоа со задоволство презентираме конкретни докази и ги повториме извонредните економски достигнувања кои ја нагласуваат силната и издржлива траекторија на раст на Македонија. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори“, изјави Митева.

Таа ги потенцираше главните фактори за растот на БДП, пред сѐ значителен раст од 13,2% во секторот градежништво, кој ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. 

„Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП. Го имаме и зголемениот пораст во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6%“, рече Митева.

Според портпаролот на Владата, подеднакво значајна вест е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1 милијарда и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. 

„Овој извонреден прилив на инвестиции е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал. 

Мораме да потенцираме дека како Влада сме спремни да ги видиме резултатите коишто ќе се однесуваат од првиот до последниот квартал 2025 година, а ќе бидат резултат на политиките на оваа Влада. Овие резултати потврдуваат дека Македонија е на вистинскиот пат. Остануваме посветени на поттикнување на динамично економско опкружување, поддршка на бизнисите и создавање нови можности за раст и просперитет“, рече Митева.


повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us