Терористичката организација ПКК нема друг избор „освен да се распушти“, порача турското Министерство за национална одбрана.
На редовниот неделен брифинг, портпаролот на Министерството, адмирал Зеки Актурк, изјави: „Значајно е тоа што (ПКК) конечно сфаќа, иако доцна, дека го достигнала крајот на својот животен век и дека нема друг избор освен да се распушти“.
Тој, исто така, се осврна на прекуграничните антитерористички операции на Туркије.
„Во операциите, во изминатата недела се неутрализирани вкупно 26 терористи, и во северен Ирак и Сирија, додека од 1 јануари досега се неутрализирани 478 терористи“, нагласи Актурк.
„Нашите Турски вооружени сили ќе продолжат со операциите и активностите за пребарување и расчистување на регионот за опстанокот и безбедноста на нашата земја и ќе продолжат со борбата против тероризмот со одлучност и решителност сè додека не остане ниту еден терорист“, додаде тој.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак каде планираат прекугранични напади врз Туркије, а нејзиниот огранок ПКК/ЈПГ се обидува да воспостави терористички коридор во Сирија, покрај турската граница.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е прогласена за терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца, доенчиња и стари лица.
ПКК/ЈПГ е сириски огранок на ПКК.