Регион
2 мин читање
Омерагиќ: Со федерациите од регионот споделуваме слични предизвици
„Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања.“
Омерагиќ: Со федерациите од регионот споделуваме слични предизвици
Омерагиќ: Со федерациите од регионот споделуваме слични предизвици
5 март 2025

Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу. 

„Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн“, изјави Масар Омерагиќ - претседателот на ФФМ.

„Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, истакнува Омерагиќ.

За регионалниот состанок на фудбалските функционери во Сараево ФФМ соопшти дека учесниците на регионалниот состанок ја истакна важноста на соработката за развојот на фудбалот во регионот и посочија колку заедничката работа, добрата комуникација и размената на искуства можат да придонесат за подобрување на натпреварувачката и спортската инфраструктура во овој регион.

„Исто така, се заблагодарија на УЕФА за континуираната поддршка, особено преку програмата Хеттрик, која овозможува инвестиции во фудбалски, посебно инфраструктурни проекти низ Европа. Првите луѓе на федерациите од регионот изразија надеж дека со заедничка работа - од Турција (Туркије)  до Словенија - федерациите можат дополнително да го зајакнат статусот на земјите од регионот во меѓународните институции“, соопштија од ФФМ.

ИЗВОР:TRT Balkan
повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us