logo
macedonian
Дневни блиц вести 25.03.2025
02:14
Политика
Дневни блиц вести 25.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 25 март
  • Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

  • Матарела: ЕУ има сила да се спротивстави на царините од САД

ЕУ има сила да се спротивстави на можните царини од страна на САД, изјави италијанскиот претседател Серџо Матарела. Матарела ја подвлече важноста на слободната трговија за Италија, ЕУ и светот во голема мера.

  • Хегсет: Никој не испраќал воени планови преку апликација за допишување

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека „никој не испраќа пораки за воени планови преку апликации“ откако Џефри Голдберг, главен уредник на списанието Атлантик откри дека по грешка бил додаден во групен разговор со високи функционери преку „Сигнал“. Хегсет рече дека Голдберг е дискредитиран новинар. 

  • СЗО: Влошен здравствениот капацитет во Газа по израелските напади

Според Тедром Гебрејсус, по израелскиот напад врз болницата Насер во Кан Јунис, дополнително е влошен веќе преоптоварениот здравствен систем во Газа. Израелскиот напад „сериозно ја оштети хируршката сала, усмрти двајца луѓе и повреди осум луѓе“, објави Гебрејесус.

  • Тројца Палестинци загинаа во израелско гранатирање на бегалски шатори

Израелски воени авиони бомбардирале шатор за раселените луѓе во областа Хамад во Кан Јунис, при што тројца се загинати и ранети се неколку други, од кои повеќето деца. Извршени се и повеќе гранатирања низ различни делови на Газа. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us