Осуди за терористичкиот напад во Кашмир, а Кина ќе лансира ново вселенско летало со човечки екипаж.Антонио Гутереш остро го осуди нападот во КашмирГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осуди нападот во Кашмир под индиска управа во кој загинаа над 20 луѓе. Гутереш истакна дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности.Рубио и Ал Тани разговараа за регионалната безбедностАмериканскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со катарскиот премиер Мохамед Ал Тани во Вашингтон, на разговори околу билатералните односи и регионалната безбедност и стабилност. Двете страни ја истакнале важноста за постигнување траен прекин на огнот во Газа.Иран ги одложи техничките разговори со САД за 26 априлИран објави дека техничките разговори на експертско ниво со САД се одложени за 26 април. Одлуката беше заснована на предлог на Оман и со заеднички договор на иранската и американската делегација, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Бакаи.Израелската армија ја нападна детската болница во градот ГазаИзраелската армија изврши напад врз детската болница Ал Дура во населбата Туфах во градот Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа. Палестинските власти тврдат дека израелската војска намерно врши напади врз здравствените центри и инфраструктурата во Газа.И за крај на денешниот блицКина ќе лансира ново вселенско летало со тричлен екипажКина во четврток треба да го лансира вселенскиот брод со екипаж Шенжу-20, соопшти Кинеската вселенска агенција. Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Жи ќе бидат дел од мисијата Шенжу-20 на кинеската вселенска станица каде ќе поминат шестмесечна ротација.Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com