logo
macedonian
Дневни блиц вести 12.05.2025
01:48
Свет
Дневни блиц вести 12.05.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 12 мај

Зеленски и Путин си упатија повици за мировни преговори во Истанбул, а процесот на разоружување на ПКК ќе биде внимателно следен.

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Туркије да ги продолжиме преговорите

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека очекува Русија веднаш да обезбеди целосен и траен прекин на огнот за да се стави крај на војната и додаде дека ќе го чека Путин во Истанбул за да ги продолжат мировните преговори.

Сијарто: Брисел сака да се меша во внатрешната политика на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто остро го осуди мешањето на странските сили во унгарската внатрешна политика. Тој предупреди дека Брисел има намера да продолжи да се меша во внатрешните работи на земјите-членки.

15 Палестинци, меѓу кои и деца загинаа во израелски напад на училиште

Во напад на израелската армија загинаа најмалку 15 Палестинци и десетина се повредени. Воздушниот напад бил насочен кон училиште во кое се сместуваат раселени лица во Џабалија, северниот дел на Појасот Газа. Меѓу жртвите има и пет убиени деца.

Трамп: Без депортации САД ќе стане земја од третиот свет полна со криминал

Трамп ја засили жестоката реторика против имиграцијата, тврдејќи дека САД има „инвазија“ од 21 милион нелегални мигранти. Тој предупреди дека без масовните депортации САД ќе стане земја од третиот свет. 

И за крај на денешниот блиц...

Челик: Распуштањето и разоружувањето на ПКК е клучен чекор кон Туркије без терор

Одлуката на терористичката група ПКК да се распушти и да го положи оружјето е клучен чекор кон „Туркије без терор“, изјави портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик и додаде дека тој процес ќе биде внимателно следен од државните институции.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us