logo
macedonian
Дневни блиц вести 13.05.2025
02:03
Свет
Дневни блиц вести 13.05.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 13 мај

Еди Рама извесно е дека ќе победи на изборите за четврти мандат, а Трамп ја почна амбициозната турнеја на Блискиот Исток.

Рама и социјалистите победници на парламентарните избори во Албанија

На парламентарните избори одржани на 11 мај во Албанија победи Социјалистичката партија предводена од актуелниот премиер Еди Рама, според досега обработените гласачки ливчиња. Неговата листа освои 82 мандати и ќе има стабилно мнозинство во Парламентот со 140 членови.

Кошта во Белград ја започна балканската турнеја за односите со ЕУ

Претседателот Александар Вучиќ го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во официјална посета на Белград, пред Палатата на Србија.  Европскиот совет објави дека Кошта ќе ја нагласи важноста од понатамошно зајакнување на обновениот моментум во процесот на проширување и односите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Москва: 30 дневното примирје ќе им даде оддишка на Украинците

Триесет дневниот прекин на огнот што се бара во Украина има за цел да му даде на Киев „простор за дишење“ за да ги продолжи своите воени дејствија во услови на тековниот конфликт во земјата, рече Марија Захарова портпаролката на руското МНР. 

Ердоган: Ќе ги поддржиме мировните преговори меѓу Русија и Украина 

Туркије станува клучен актер во дипломатските напори за постигнување мир меѓу Русија и Украина и ќе биде домаќин на новата рунда преговори. Турскиот претседател Ердоган истакна дека целосно ќе го подржат овој процес преку дијалог.  

И за крај на денешниот блиц…

Турнејата на Трамп низ Персискиот Залив со високи влогови

Претседателот Трамп ја започна турнејата на Блискиот Исток со амбициозна агенда, првенствено ставање крај на бруталната израелска војна во Газа и постигнување примирје, но и унапредување на соработката пред се со Саудиска Арабија. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us