Сојузниот административен суд на Германија донесе нов правен преседан, по пресудата дека враќањето на одредени бегалци во Грција не ги нарушува основните човекови права, што беше оспорувано изминатиот период.
„Неженетите, работоспособни и неранливи корисници на меѓународна заштита во моментов не се изложени на ризик од понижувачки или нехумани услови за живот по враќањето во Грција“, се вели во соопштението на судот.
„Затоа, барањата за азил на оваа категорија на лица во Германија може да бидат одбиени како неоправдани“, додаваат од судот.
Случајот вклучува 34-годишен маж роден во северниот дел на Газа и 32-годишен државјанин на Сомалија, кои веќе добиле статус на бегалци во Грција пред да пристигнат во Германија.
Нивните барања за азил беа одбиени и беше наредено нивно депортирање во Грција. Жалбите беа неуспешни на сите претходни нивоа.
Судот во Лајпциг нагласи дека иако пристапот до државната поддршка во Грција може да биде одложен поради бирократски пречки, повратниците генерално можат да ги обезбедат основните потреби преку привремени засолништа и приходи од неформално вработување.
Се додадава и дека им е достапна итна медицинска помош по враќањето во Грција.