ПОЛИТИКА
2 мин читање
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Процесот на аплицирање е достапен преку мобилна апликација или веб-страницата на британската Влада, трае околу 10 минути и потребно е да се прикачи фотографија од пасошот и да се платат 12 евра
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Патниците коj ги користат аеродромoт Хитроу во Лондон за префрлање на други летови и не ја поминувааат границата се ослободени од оваа програма / Reuters
2 април 2025

Европските државјани што патуваат во Велика Британија од сега ќе мора да поседуваат онлајн дозвола за влез во земјата како дел од новите правила за патување воведени од британската Влада.

Системот за Електронска патна авторизација (ETA), кој стапи на сила денес, има цел да ја зајакне безбедноста на границите и да го олесни процесот на влез во земјата.

Шефот на граничните сили на Велика Британија, Фил Даглас, го опиша системот како „мерка за гранична безбедност“ и изјави дека не се очекуваат значителни нарушувања по неговото воведување.

ETA важи за државјани на околу 30 европски земји, вклучително и сите членки на Европската Унија, со исклучок на Ирска.

Како функционира ETA?

ETA е дигитално поврзана со пасошот на апликантот и дозволува престој до шест месеци.

Процесот на аплицирање е достапен преку мобилна апликација или веб-страницата на британската Влада, трае околу 10 минути и потребно е да се прикачат фотографија од пасошот и фотографија од лицето.

ЕТА може да се купи онлајн за 10 фунти (12 евра) во наредните денови, а од 9 април цената ќе се зголеми на 16 фунти (19 евра).

Обично одлуките се донесуваат во рок од неколку минути, но Министерството за внатрешни работи советува апликантите да аплицираат најмалку три работни дена однапред.

Оваа дозвола е задолжителна за сите патници, вклучително бебиња и деца. Исклучок има само за оние што транзитираат низ Велика Британија – мерка воведена откако аеродромот „Хитроу“ изрази загриженост дека може да изгуби патници.

ETA не е потребна за британски жители или лица што веќе имаат имиграциски статус во Велика Британија.

Британија ја воведе ETA минатата година за американски, канадски и други државјани на кои не им е потребна виза, а планот е постепено проширување на оваа шема за посетителите од целиот свет.

Авионските патниците кои ги користат аеродромите во Велика Британија за префрлање на други летови и не ја поминувааат границата се ослободени од оваа програма. Ова беше направено по притисокот од Хитроу, кој стравуваше од губење на бројот на патници, бидејќи е најпрометниот аеродром во Европа.

Освен Хитроу во Лондон, само уште аеродромот во Манчестер има можност за поврзување без преминување на границата.



Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us