СВЕТ
2 мин читање
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Два земјотреса со јачина од 7,7 и 6,4 степени се случија на 28 март во близина на регионот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар. Земјотресите биле силно почувствувани и во Тајланд и Кина
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000 / AA
2 април 2025

Најмалку 3.003 лица досега ги загубиле животите во земјотресите со јачина од 7,7 и 6,4 степени што го потресоа Мјанмар, известува Анадолу.

Според веста на мјанмарската државна телевизија МРТВ, зголемен е бројот на загинати и повредени во земјотресите што се случија во земјата на 28 март.

Бројката на загинати во земјотресите се зголеми на 3.003, а на повредени достигна 4.639.

Воената хунта отвори оган врз кинескиот Црвен крст

Во веста што ја објави „Мјанмар нау“ портпаролот на воената администрација, генерал-мајор Зау Мин Тун, потврдил дека армијата отворила оган врз конвојот на Здружението на кинескиот Црвен крст, кој се движел кон северната држава Шан за да достави помош во областите погодени од земјотресите.

Тун во врска со конвојот од девет возила, кој се обидувал да помине низ областа контролирана од Националната ослободителна армија Таанг, рече:

„Се обидовме да го запреме конвојот, но не застана. Потоа пукавме како предупредување од околу 100 метри.“

Земјотресите во Мјанмар

Два земјотреса со јачина од 7,7 и 6,4 степени се случија на 28 март во близина на регионот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар. Земјотресите биле силно почувствувани и во Тајланд и Кина.

Земјотресите предизвикаа големи разурнувања во земјата и се стравува дека е можно бројката на загинати уште повеќе да се зголеми.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us