РЕГИОН
2 мин читање
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Официјални лица информирани за планот рекоа дека тој ќе трае до 2036 година и ќе вклучува купување на нови подморници, нови авиони, поморски и подводни дронови, како и комуникациски сателит
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Дел од парите ќе бидат наменети за развој на систем за противвоздушна и заштита од беспилотни летала, наречен „Ахиловиот штит“ / AP
2 април 2025

Грција има намера да потроши 25 милијарди евра како дел од повеќегодишниот план за одбрана, изјави денеска во парламентот грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Овој потег е дел од напорите на Грција да ги модернизира своите вооружени сили додека излегува од должничката криза 2009-2018 година, што доведе до долгогодишно штедење и додека се обидува да остане во чекор со својот историски ривал Туркије, објави Ројтерс.

Официјални лица информирани за планот рекоа дека тој ќе трае до 2036 година и ќе вклучува купување на нови подморници, нови авиони, поморски и подводни дронови, како и комуникациски сателит.

Дел од парите ќе бидат наменети за развој на систем за противвоздушна и заштита од беспилотни летала, наречен „Ахиловиот штит“.

Миткотакис им рече на пратениците дека планот значи дека Грција инвестира во нејзиниот суверенитет, но предупреди дека земјата ќе мора да обезбеди фискална претпазливост и покрај плановите на ЕУ да ги зголеми инвестициите во одбраната.

Тој изјави дека не може да има напредок без безбедност, пренесе Катимерини.

„Претставуваме сеопфатен план за најдрастичната трансформација на вооружените сили во модерната историја на земјата“, рече Микотакис.

Според него, Грција има стратешки договори со Соединетите Американски Држави и Франција, сојузи кои даваат безбедносни гаранции во неизвесна меѓународна средина.

„Одбраната се јавува и како столб на просперитетот“, нагласи Микотакис.

Грција, членка на Европската унија и НАТО, веќе троши околу три отсто од бруто домашниот производ за одбрана.

Тоа е речиси двојно повеќе од просекот во ЕУ, која е под притисок да ја зајакне својата одбрана за да ги надмине тензиите во нејзиниот 75-годишен сојуз со САД.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us