Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул.
Според информациите објавени на интернет страницата на Управата за катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, во близина на истанбулската општина Силиври.
Земјотресот, кој бил регистриран на длабочина од 6,92 километри, предизвикал паника кај граѓаните и бил почувствуван и во околните градови. По потресот, граѓаните ги напуштиле своите домови и работни места и излегле на улиците и парковите од страв од нов потрес.
Забележани се и последователни земјотреси со помала јачина.
Турскиот министер за транспорт и комуникации Абдулкадир Уралоглу соопшти дека првичните информации од теренот по земјотресот покажуваат дека нема оштетувања на патиштата, аеродромите, железниците и метрото.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со надлежните службеници за последиците од земјотресот.
Засега нема пријави за уривање на објекти во земјотресот, а екипите на терен го прегледуваат подрачјето, објави Канцеларијата на гувернерот на Истанбул.