РЕГИОН
3 мин читање
Трговците во малопродажба од петок мора да ги објават цените на производите на своите веб страници
Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, секој работен ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа, рече министерот Дурмиши
Трговците во малопродажба од петок мора да ги објават цените на производите на своите веб страници
Исклучени се само микро трговци, односно оние кои вработуваат до 10 лица / AA
16 април 2025

Од петок трговците од малопродажба ќе треба јавно на интернет да ги објават цените на производите, потсети на денешната прес конференција министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Сите поголеми маркети, аптеки, салони за бела техника, за мебел, објекти за продажба на градежни материјали, текстилни производи, алати и други  ќе мора јавно да ги објават цените на своите производи. 

„Согласно законските измени и Правилникот кој го изготви Министерството за економија и труд, а е објавен во Службен весник трговците почнувајќи од 18 април ќе мора да ги објават цените на сите производи на својата веб-страна. Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот.  Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа“, рече Дурмиши, кој најави казни и до 10.000 евра за непочитување на законот.

Министерот појасни дека од четврток 18 април сите трговци (мали средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ која го нудат во малопродажба. 

Тука влегуваат и маркети кои продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук, и трговци кои продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци кои вршат трговија на мало. 

Исклучени се само микро трговци, односно оние кои вработуваат до 10 лица.

„Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи самите ќе можат да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“ рече Дурмиши.

Министерот истакна дека постојано работат на мерки и политики за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата.

„Нашите напори даваат резултати.Како резултат на мерките донесени од почетокот на годината, односно ограничување на маржите на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигена во март имаме намалување на инфлацијата на годишно ниво која изнесува 2,7%, додека во март месец споредено со февруари е забележана дефлација од -1,3%, според податоците на Државниот завод за статистика“, рече Дурмиши.

Владата на предлог на Министерството за економија и труд на почетокот на годината донесе одлука за ограничување на бруто-профитна маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи на основни прехранбени производи. 

Овие две одлуки стапија на сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.

Согласно Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец кој врши дејност трговија на мало има обврска да ги објавува цените на стоките кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените односно Ценовник.

Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

Ценовникот треба да содржи:

Назив на стока-производ (трговска марка, модел и слично)

Продажна цена со ДДВ

Единечна цена по килограм, литар, метар

Опис на стоката

Достапност во продажен објект

Редовна цена со ДДВ

Промотивна или попустна цена која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид на промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us