ПОЛИТИКА
2 мин читање
Новите царини на Трамп може да го погодат извозот од ЕУ во вредност од 549 милијарди евра
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ процени дека новата рунда американски царини, која вклучува увоз на фармацевтски производи, полупроводници, дрва, критични минерали и камиони, би влијаел на дополнителни 170 милијари евра извоз од ЕУ
Новите царини на Трамп може да го погодат извозот од ЕУ во вредност од 549 милијарди евра
Комесарот рече дека другите трговски партнери се многу заинтересирани да ги забрзаат разговорите со блокот за слободна трговија / AA
6 мај 2025

Европската унија очекува дека трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да го зголемат обемот на царинските давачки за стоки од ЕУ на вкупна вредност од 549 милијарди евра, што би влијаело на речиси целиот европски извоз во САД, предупреди денес европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ.

Зборувајќи пред членовите на Европскиот парламент, Шефчовиќ процени дека новата рунда американски царини, која вклучува увоз на фармацевтски производи, полупроводници, дрва, критични минерали и камиони, би можела да влијае на дополнителни 170 милијарди евра европски извоз.

Ова би значело дека дури 97 проценти од вкупниот извоз од Европската Унија во Соединетите Американски Држави би бил опфатен со трговски мерки, објавува „Блумберг“.

„Овие увозни даноци се неосновани и предизвикуваат економска штета од двете страни на Атлантикот“, рече Шефчовиќ, додавајќи дека Европската Унија не може да биде пасивна во ситуација што ја опиша како „неприфатлива“.

Шефчовиќ рече дека договореното решение со САД останува јасен и претпочитан исход на ЕУ.

„Сега ни треба САД да ја покажат својата подготвеност да постигнат напредок кон фер и избалансирано решение“, рече тој на дебата во Европскиот парламент.

Шефковиќ рече дека Европската Унија ќе ја искористи паузата до 8 јули за да подготви понатамошни мерки за ребалансирање и да обезбеди еднакви услови доколку разговорите не успеат.

Сепак, според министерот, Европската Унија не се чувствува под прекумерен притисок да прифати нефер трговски договор со САД, додавајќи дека другите трговски партнери се многу заинтересирани да ги забрзаат разговорите со блокот.

„Не се чувствуваме слаби. Не се чувствуваме под прекумерен притисок да прифатиме договор што не би бил фер за нас. Можам да ви кажам дека нашите телефони не престануваат да ѕвонат постојано затоа што сите сакаат да ги забрзаат преговорите за договор за слободна трговија со нас“, продолжи тој.

Европската Унија ѝ предлага на администрацијата на Трамп, меѓу другото, намалување на царинските и нецаринските бариери, зголемување на европските инвестиции во САД, соработка во борбата против нелојалната конкуренција и зголемено купување на американска стока.

Доколку преговорите не завршат успешно, ЕУ најави одмазднички мерки, вклучително и повторно активирање на царините за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра кои претходно беа суспендирани како гест на добра волја, но ќе бидат преземени понатамошни чекори.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us