КУЛТУРА
1 мин читање
Отворена изложбата „Секојдневен живот“: Хармонична целина што го слави обичното, но суштинското
Преку објективот на авторите, публиката има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.
Отворена изложбата „Секојдневен живот“: Хармонична целина што го слави обичното, но суштинското
Отворена изложбата „Секојдневен живот“: Хармонична целина што го слави обичното, но суштинското / TRT Balkan
5 јуни 2025

Во Музејот на град Скопје со пригодна програма вчера беше официјално отворена изложбата на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во земјава.

Изложени се 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, Хусамедин Гина, Лејла А. Курт и Ердем Ахмет, по 20 дела од секој автор.

Преку објективот на авторите, публиката има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.

„Изложбата открива три различни перспективи од секојдневието, интимна, реалистична и поетска. Целта е да инспирира, поттикне размислување и понуди едно ново визуелно доживување. Трите уникатни стилови се спојуваат во хармонична целина што го слави обичното, но суштинското, животот самиот“, пишува во каталогот посветен на изложбата.

Целта на изложбата е да се поддржат локалните уметници и да се зајакне културната размена и поврзаност во заедницата. Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата.

Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и е дел од Годишната програма на Националната установа за 2025 година.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 19 јуни 2025 година.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us