КУЛТУРА
3 мин читање
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху упати честитка по повод Курбан Бајрам
„Курбан Бајрам е израз на непоколеблива верба за жртвување на сè, па дури и на најскапоценото заради Алах – за да се покаже во пракса дека љубовта и посветеноста кон Неговата величина се над сè.“
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху упати честитка по повод Курбан Бајрам
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху упати честитка по повод Курбан Бајрам / TRT Balkan MK
5 јуни 2025

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаху во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах.

Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во овие денови се комплетирало објавувањето на славниот Куран, се извршува аџилакот – петтиот исламски столб, и верниците го исполнуваат својот обврзувачки чин на принесување курбан заради Семоќниот Алах.

„Курбан Бајрам е израз на непоколеблива верба за жртвување на сè, па дури и на најскапоценото заради Алах – за да се покаже во пракса дека љубовта и посветеноста кон Неговата величина се над сè, исто како што постапи Ибрахим а.с., кој беше подготвен да го жртвува својот син Исмаил а.с. Институцијата на курбанот е конкретен израз на разбирање дека нема големи дела без големи напори и жртви, и дека човекот вреди онолку колку што е подготвен да го подели најдрагоценото со другите. Затоа, Курбан Бајрам не е само ден на славење, туку е празник кој го учи верникот да биде дарежлив, да го облагородува духот и срцето, да учествува во големи дела, да биде солидарен, да помага на сиромашните и немоќните, да ги зајакнува духовните и социјалните врски, да го поттикнува единството во добри и тешки моменти, и да го негува мирот, љубовта и заедништвото меѓу луѓето“, вели тој во пораката.

Фетаху посочува дека сето ова покажува дека празникот не е само формален чин, туку длабоко духовна атмосфера која го всадува највисокиот степен на побожност во срцето на верникот, што е извор на сето добро во личниот, семејниот и општествениот живот.

„Семоќниот Алах вели во славниот Куран: „До Алах не стигнува ниту нивното месо, ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата побожност”. Во време на големи предизвици, овој празник нè потсетува на неопходноста да се работи на елиминирање на проблемите со кои се соочува човештвото, да се искорени сиромаштијата и да се донесе спокој и благодет во животот. Курбан Бајрам нека биде прилика за враќање кон себеси, за избегнување на злото и за повторно посегнување кон доброто, блискоста, мирот, еднаквоста, праведноста и љубовта кон Семоќниот Алах. На крај, дозволете ми, во име на Исламската Верска Заедница и лично во мое име, да ви упатам искрени честитки по повод празникот Курбан Бајрам. Го молиме Семоќниот Алах да ги прифати вашите обожувања, курбани и добри дела, да ви подари благосостојба во вашите семејства, свест за подобра иднина и поголема близина меѓу вас. Алах да ве благослови! Среќен празник Курбан Бајрам!“, посочува во пораката поглаварот на ИВЗ, Фетаху.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us