Што најмногу извезувала македонската економија на почетокот на 2025 година?
Што најмногу извезувала македонската економија на почетокот на 2025 година?Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Што најмногу извезувала македонската економија на почетокот на 2025 година? / AA
10 март 2025

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година.

Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2 %.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав“, стои во соопштението од ДЗС.

Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 578.9 милиони евра и бележи пораст од 5.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 849.1 милион евра, што е за 6.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 270.1 милион евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 599.3 милиони САД долари и бележи пад од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 878.5 милиони САД долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 279.2 милиони САД долари.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us