ВОЈНА ВО ГАЗА
3 мин читање
Хамас е подготвен за нова рунда преговори за траен прекин на огнот во Газа
Прифативме повеќе понуди од продолжувањето на агресијата во март, вклучувајќи го и предлогот на медијаторот, кој повикуваше на предавање на пет затвореници и влез во втората фаза од јануарскиот договор, но Изрел го отфрли, велат од Хамас
Хамас е подготвен за нова рунда преговори за траен прекин на огнот во Газа
Израел инсистира на одржување целосна контрола врз хуманитарната помош преку воен механизам што e кршење на меѓународното право / Reuters
пред ден

Палестинската група Хамас е подготвена да се вклучи во нова и сериозна рунда преговори насочени кон постигнување траен договор за прекин на огнот, изјави во четвртокот Калил ал-Хаја, шеф на Хамас во Газа и главен преговарач на групата, истакнувајќи дека контактите со медијаторите сè уште се во тек.

Во снимен говор, ал-Хаја рече дека Хамас „не го отфрлил најновиот предлог на американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, но понудил некои забелешки и подобрувања“.

Како што рече, амандманите предложени од Хамас „имаа за цел да обезбедат дека (израелската) окупација нема да се врати на предавство, убивање, упади или присилно раселување и да гарантираат достоинствен пристап до помош и олеснување за нашиот народ“.

Тој, исто така, објави дека групата е подготвена веднаш да ја предаде администрацијата на Газа на кое било професионално и национално договорено палестинско тело.

„Постојано работиме со сите страни за да постигнеме договор врз основа на цврст став посветен на основните права и барања на нашиот народ, што би довело до траен прекин на огнот, целосно повлекување на окупацијата од целиот Појас Газа, итна хуманитарна помош и крај на блокадата.“

Тој ја издвои израелската влада, а особено премиерот Бенјамин Нетанјаху, како главна пречка за постигнување договор, велејќи дека Нетанјаху „не сака да ја заврши војната, од лични и идеолошки причини“.

Ал-Хаја нагласи дека Хамас покажал флексибилност и позитивен став кон различните предлози.

„Ги прифативме повеќето понуди од продолжувањето на агресијата во март, вклучувајќи го и предлогот на медијаторот на крајот на март, кој повикуваше на предавање на пет затвореници и влез во втората фаза од јануарскиот договор, но окупацијата го отфрли“, рече тој.

„После тоа, ја презентиравме нашата визија за сеопфатен договор што вклучува ослободување на сите затвореници во замена за конечно завршување на војната, но окупацијата го отфрли и тој предлог“, додаде тој.

Како гест на добра волја, ал-Хаја рече дека групата го ослободила израелско-американскиот војник Едан Александер.

Тој истакна дека „Виткоф пред една недела презентираше предлог со кој се бара ослободување на 10 живи затвореници и 18 тела во рок од седум дена, но не вклучувал гаранции против продолжување на борбите на осмиот ден. Всушност, самиот Нетанјаху ја изјавил својата намера да ја продолжи војната откако ќе ги пронајде затворениците“.

Ал-Хаја нагласи дека Израел инсистира на одржување целосна контрола врз хуманитарната помош преку воен механизам што меѓународните организации го отфрлаат како кршење на меѓународното право.

„Израел немаше да продолжи со масакрите дури и врз оние кои едноставно бараат храна за да преживеат, како што се виде неодамна во Рафах, без континуирана воена и политичка поддршка, а најновата е ветото на САД во Советот за безбедност на ОН против резолуцијата со која се бара прекин на блокадата и итен влез на помош во Газа“, додаде тој.

САД претходно ставија вето на четири нацрт-резолуции на Советот за безбедност со кои се повикуваше на итен прекин на огнот во Газа - во октомври 2023 година, декември 2023 година, февруари 2024 година и ноември 2024 година - додека се воздржаа од гласање за други нацрт-резолуции.

Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува геноцидна офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што загинаа над 54.600 Палестинци, претежно жени и деца. Хуманитарните организации предупредија на ризикот од глад кај повеќе од 2 милиони жители на енклавата.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за воени злосторства против цивили во енклавата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us