Јордан денес соопшти дека се координира со Туркије, Сирија, арапските држави и меѓународната заедница „за да се стави крај на агресијата на Израел“ врз сириската територија.
„Нашиот став со Туркије и Сирија е обединет во поддршката на безбедноста, стабилноста и суверенитетот на Сирија и во заедничката работа за справување со сите предизвици“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на заедничката прес-конференција со турскиот и со сирискиот колега, Хакан Фидан и Асад ал-Шајбани, по трилатералниот состанок во Анкара.
„Се координираме со нашите браќа во Сирија и Турција, како и со другите арапски земји и меѓународната заедница за да се стави крај на израелската агресија врз Сирија“, додаде тој.
Шефот на јорданската дипломатија рече дека неговите разговори со турскиот и сирискиот министер за надворешни работи ги опфаќаат механизмите „за борба против ДЕАШ и сите форми на тероризам бидејќи тероризмот е закана за сите нас“.