Ученик во гимназијата „Нотр-Дам-де-тут-ед“, во францускиот град Нант денеска со нож избодел најмалку четворица ученици, од кои еден им подлегнал на повредите, јавуваат француските медиуми.
Во меѓувреме полицијата го задржала и го привела 15-годишниот напаѓач, идентификуван како Жистен П, ученик во втората година во приватно средно училиште, а пред да пристигне полицијата бил совладан од наставниците, пренесе телевизијата БТФ.
Средношколецoт вооружен со нож рано попладне влегол во училишниот комплекс, а потоа провалил во две различни училници и избол најмалку четворица ученици.
На почетокот на нападот избодел студентка на вториот кат, по што се симнал во приземјето и со нож нападнал уште три ученички.
Според добро информиран извор на кој се повикува француската телевизија, една избодена ученичка починала, додека меѓу повредените животот на еден студент е во опасност, другиот е во релативно тешка состојба, а третиот е полесно ранет.
„Фигаро“ наведува дека на повредите им подлегнала ученичка од втора година од таа гимназија.
Според БФМ, напаѓачот претходно не ѝ е познат на полицијата, судските органи или разузнавачките служби.
„Фигаро“ пренесува дека напаѓачот во моментот на апсењето побарал од полицајците да му пукаат во глава и дека треба да му се изврши психолошки преглед.
БФМ наведува дека утринава сите студенти на таа образовна институција преку електронска пошта добиле мејл од напаѓачот, во кој на околу 20 страници тој прикажува мрачна слика за француското општество, на кој телевизијата имала пристап и која го опишува како прилично конфузен.
По нападот се евакуирани сите студенти, освен очевидци, кои во моментов даваат изјави.
Еден студент за медиумите изјавил дека напаѓачот „од почетокот на годината се однесувал малку чудно“.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо и министерката за образование Елизабет Борн дојдоа на местото на настанот, а прес-конференција на судот во Нант е закажана за 19 часот.
Училишната институција се состои од две основни училишта за пониски одделенија, едно основно училиште за повисоки одделенија и средно училиште.