ПОЛИТИКА
2 мин читање
САД и Украина потпишаа меморандум за договор за минерали
Следниот чекор е финализирање на текстот на договорот, потоа негово официјално потпишување и ратификација во парламентот, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко
САД и Украина потпишаа меморандум за договор за минерали
Таа нагласи дека договорот отвора пат за економско партнерство и формирање инвестициски фонд кој ќе помогне во обновата на Украина / Others
18 април 2025

Украина и САД вчера потпишаа меморандум што ги поставува темелите за идно економско партнерство и соработка во развојот на минерали, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко.

„Со задоволство ја објавуваме веста за потпишувањето на меморандумот за намери со нашите американски партнери,“ напиша Свириденко на социјалната мрежа Икс.

Таа нагласи дека договорот отвора пат за економско партнерство и формирање инвестициски фонд кој ќе помогне во обновата на Украина.

„Следниот чекор е финализирање на текстот на договорот, потоа негово официјално потпишување и ратификација во парламентот“, изјави министерката.

„Нè чека многу работа,“ истакна Свириденко, „но моменталното темпо и значителниот напредок ни даваат причина да очекуваме дека документот ќе биде од голема корист за двете земји.“

Украинската влада го објави текстот на меморандумот за Договорот за економско партнерство што земјата го потпиша со Соединетите Американски Држави, пренесе Укринформ.

Како што е наведено, меморандумот предвидува дека САД ќе ги почитуваат обврските на Украина во врска со пристапувањето во Европската унија или договорите со меѓународните финансиски институции и другите официјални кредитори, односно дека договорот за економско партнерство не може да го загрози европскиот пат на Украина.

На веб-страницата на владата на Украина е забележано дека „двете страни го препознаваат придонесот на Украина за зајакнување на меѓународниот мир и безбедност преку доброволно напуштање на третиот најголем арсенал на нуклеарно оружје во светот“.

Во владиното соопштение се додава дека меморандумот „ја потврдува желбата на американскиот народ да инвестира заедно со украинскиот народ во слободна, суверена и безбедна Украина“.

Инаку, договор кој предвидуваше пристап на САД до ретките минерали на Украина требаше да биде потпишан во Белата куќа кон крајот на февруари, но беше откажан поради жестокиот спор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us