Германија уште долго време ќе зависи од Соединетите Американски Држави, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, само неколку часа по враќањето од неговата прва официјална посета на Вашингтон, каде што разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Без разлика дали ни се допаѓа или не, долго време ќе зависиме од САД“, рече Мерц, објави Ројтерс.
Мерц, по посетата на Вашингтон, изјави и дека многу американски пратеници не го гледаат обемот на вооружувањето на Русија.
„Тие очигледно немаат поим што се случува таму сега“, рече Мерц, без да ги идентификува сенаторите на кои мислеше.
Мерц и Трамп се сретнаа вчера за да разговараат за голем број теми, вклучувајќи го конфликтот меѓу Русија и Украина и царините што САД и НАТО ѝ ги наметнаа на Европската Унија.