Турски компании дел од енергетската инвестиција од 7 милијарди долари во Сирија
Соработката вклучува изградба на четири електрани на природен гас и една соларна централа, а во договорот учествуваат турските компании „Калјон холдинг“ и „Џенгиз холдинг“, катарската компанија УЦЦ, американската „Пауер“ интернешнал“
Турски компании дел од енергетската инвестиција од 7 милијарди долари во Сирија
Турски компании дел од енергетската инвестиција од 7 милијарди долари во Сирија / Reuters
30 мај 2025

Енергетски договор вреден 7 милијарди долари, потпишан од страна на турски, катарски и американски компании, значително ќе го зголеми снабдувањето со електрична енергија во Сирија и ќе ги подобри условите за живот на милиони луѓе, изјави за Анадолу сирискиот министер за енергетика, Мухамед ал-Башир.

Соработката вклучува изградба на четири електрани на природен гас и една соларна централа, а во договорот учествуваат турските компании „Калјон холдинг“ и „Џенгиз холдинг“, катарската компанија УЦЦ, американската „Пауер интернешнал“ и сириското Министерство за енергетика.

Договорот е опишан како еден од најсеопфатните и најзначајните во енергетскиот сектор на Сирија досега, а се очекува да ја подобри услугата, да создаде работни места и да го поддржи економското и социјалното закрепнување на земјата по долгогодишната војна.

„Дамаск се надева дека ќе го зголеми вкупниот капацитет за производство на енергија на 5.000 мегавати“, рече тој.

Ал-Башир нагласи дека санкциите претходно ги одвраќале инвеститорите, но сега, кога тие се укинати, компаниите можат „похрабро да вложуваат“.

„Оваа инвестиција испраќа силна порака на доверба до светот“, додаде тој.

Отворен повик за сите сектори

Ал-Башир посочи дека Сирија нуди бројни можности за инвестиции и дека земјата е сега „подготвена“, при што „компаниите веќе се во редица“.

Како пример го наведе и договорот за енергетска соработка меѓу Туркије и Јордан, кој вклучува изградба на нова електрична линија со напон од 400 киловолти.

„Очекуваме значително зголемување на снабдувањето и потрошувачката во првите месеци од следната година“, рече тој.

„Во моментов, сириските домаќинства добиваат само околу 1.500 мегавати, со просечно снабдување со струја од три до четири часа дневно“, објасни министерот.

Тој додаде дека овие инвестиции и договори ќе донесат конкретни подобрувања во секојдневието на граѓаните.

„Овој договор е отворен повик до сите сектори – можностите во Сирија се огромни, и ние сме подготвени за инвестиции“, истакна Ал-Башир.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us