ВОЈНА ВО ГАЗА
5 мин читање
По 600 дена, западните медиуми сè уште не знаат кој ги убива Палестинците во Газа
Тивката корекција на насловот на „Вашингтон пост“ во кој се обвинува Израел за смртоносно пукање на локација за помош во Газа зборува погласно од зборовите што ги избриша.
По 600 дена, западните медиуми сè уште не знаат кој ги убива Палестинците во Газа
„Вашингтон пост“ тивко го промени насловот за смртоносната пукотница во Газа, предизвикувајќи реакции поради медиумската пристрасност / AP
пред 20 часа

На 1 јуни 2025 година, „Вашингтон пост“ објави дека израелските сили отвориле оган врз Палестинците кои се собирале за хуманитарна помош во јужна Газа, повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство во енклавата и очевидци.

Оригиналниот наслов, кој ја припишува смртта на 31 Палестинец директно на израелски оган, привлече значително внимание од јавноста, собирајќи над 2,4 милиони прегледи на X.

Два дена подоцна, весникот објави ретка корекција. Призна дека статијата „не ги исполнува фер-стандардите на Вашингтон пост. Во објавата на X, исто така, се наведува дека весникот не дал „соодветна тежина на негирањето на Израел“.

Ревидираната верзија го нагласи тврдењето на израелската војска дека во близина на локацијата за дистрибуција на помош во Рафах биле испукани само „предупредувачки истрели“ и го намали бројот на жртви на 27, повикувајќи се на неименувани „здравствени службеници“. Заклучено е дека нема јасен консензус за тоа кој навистина е „одговорен за пукањето“ .

Ажурираната објава на X привлече уште поголемо внимание од оригиналот, достигнувајќи 4,8 милиони прегледи. Повлекувањето предизвика широка реакција на интернет, при што корисниците во коментарите го обвинија медиумот дека се откажува од одговорност под притисок.

„Оригиналниот наслов на ВП многу јасно наведуваше дека тоа е според Министерството за здравство во Газа, а она што го кажува корекцијата е дека Пост не го потврдил ова“, изјави за TРТ Ворлд Гречен Кинг, професорката по мултимедијално новинарство и комуникации на Либанско-американскиот универзитет (ЛAУ).

„Вашнгтон Пост нема проблем да известува за фактите според израелската војска... Палестинците секогаш мора, од страна на западните медиуми, да бидат проверени, а тоа е уредничка одлука“, забележува таа.

Во таа светлина, корекцијата открива поширок уреднички модел, во кој наративите се внимателно управувани, а одговорноста селективно се негира.

Семантиката на западното известување

Коментирајќи ги уредничките импликации на корекцијата, професорката Кинг ги споменува „двојните стандарди“ во изворите.

„Овие видови корекции воопшто не служат за транспарентност“, вели професорката Кинг. 

„Ако ништо друго, тие (корекциите) служат за разоткривање на пристрасностите што дејствуваат во западните редакции. И не станува збор за контрола на штетата во однос на јавната реакција, туку за контрола на штетата во однос на ционистичката реакција.“

Корекцијата, во споредба со известувањето за други глобални кризи, одразува неподготвеност на западните медиуми директно да му ја припишат одговорноста на Израел.

Таа истакнува огромна разлика во тонот и припишувањето. Насловите што ги опфаќаат руските напади врз Украина или кризата во Судан се директни.

Неодамнешниот текст „Бебе меѓу петте мртви додека Путин започнува напади врз Украина неколку часа по ветувањето за одмазда за да покаже среден прст на светот“ од Сан, или „Паравојна група нападна отворен пазар во Судан, убивајќи 54 лица и ранувајќи најмалку 158“ од СИ-Ен-Ен претставуваат само некои од неодамнешните примери на вообичаена практика за известување за хуманитарни кризи.

Спротивно на тоа, известувањето за израелската воена агресија е често пасивно и нејасно во терминологијата.

Наслови како „Шестгодишната Хинд Раџаб е пронајдена мртва во Газа неколку дена по телефонските повици за помош“ (Би-Би-Си) или „Центрите за помош во Газа поддржани од Трамп привремено се затвораат откако десетици луѓе загинаа во пукање“ (УСА Тудеј) ја замаглуваат реалноста, оставајќи му на читателот да заклучи кој е одговорен.

Професорката Кинг објаснува дека таков уреднички избор одразува намерна форма на наративна контрола.

„Пасивното врамување за израелските воени акции има за цел да ги хуманизира нивните постапки... Нема сторител, нема актер“, вели таа. „Тоа ја хуманизира израелската војска бидејќи тие никогаш не се обвинети за воени злосторства или варварско насилство врз невооружени цивили“.

Кинг понатаму додава дека ова пасивно врамување одразува институционални норми вградени длабоко во рутините на редакцијата.

„Ова се видот на уреднички политики што можеме да ги видиме во водичите за стилот на текстовите што се користат за уредување... оние практики што ги документиравме... денес се влошени од видот на соучество во геноцид што го гледаме од западните медиуми“, вели таа.

Пропусти и еуфемизми

Дури и новинарите во мејнстрим медиумите се спротивставија на она што го сметаат за двојни стандарди.

Во 2023 година, Би-Би-Си се соочи со внатрешни критики од своите новинари во писмо за она што го опишуваат како неурамнотежено известување за израелско-палестинскиот конфликт, давајќи приоритет на прикажувањето на израелските жртви пред Палестинците.

Во писмо од 2.300 зборови до Ал Џезира, осум новинари на Би-Би-Си со седиште во Велика Британија го обвинија радиодифузерот дека применува „двоен стандард“ во третманот на цивилните жртви.

Тие истакнаа дека емотивните термини како „масакр“ и „злосторство“ се „резервирани само за Хамас“, додека бомбардирањата на Израел постојано се толкуваат како „самоодбрана“, при што известувањето се бара „да започне со нападот предводен од Хамас“.

Моделот се протега од онлајн известување до емитување на телевизија. Извештај од 2024 година на Центарот за мониторинг на медиумите анализираше 176.627 едноминутни клипови од 13 главни телевизиски канали, откривајќи огромна нерамнотежа во начинот на кој беа прикажани израелските и палестинските жртви.

Според наодите, два од секои три емотивни термини беа користени за да се опишат израелските смртни случаи, додека само еден од десет беше применет за палестинските жртви.

Внимателното толкување направено од „Вашингтон пост“ не е случајно, туку е обликувано од мешавина од институционални фактори: политичка чувствителност околу Израел во американските медиуми, страв од обвинувања за пристрасност или антисемитизам, влијанието на лобистичките групи и долгогодишните уреднички политики усогласени со израелските пораки.

Ова се протега и на повторување на неоспорените политички тези.

„Фразата „Израел има право да се брани“... првпат се појави по масакрот врз бегалците во Сабра и Шатила во 1982 година“, вели професорот Кинг. „Оттогаш… западните медиуми објавуваат дека Израел има право да се брани, што апсолутно не е вистина. Меѓународниот суд на правдата… во 2004 година изјави… дека Израел апсолутно не може да тврди дека има право да се брани.“

Корегирањето на Вашингтон Пост е одраз на широко споделениот сатиричен наслов објавен од Онион (The ​​Onion) две години претходно: „Њујорк тајмс се извинува за известувањето за смртни случаи на Палестинци.“ 

Две години подоцна, пародијата сега изгледа впечатливо предвидлива.

На крајот, она што останува не е само нерамнотежа во јазикот, туку и нарушување на јавното разбирање преку војна на зборови.

Извор: Tрт Ворлд


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us