РЕГИОН
2 мин читање
Седницата на косовското собрание одложена за петок, Хаџиу пак не е избрана за претседател
Претставничката на Самоопределување, Албулена Хаџиу од потребниот минимум од 61 глас, досега има добиено 57 гласа за претседател на Собранието на Косово, 48 од движењето и девет од претставниците на заедниците
Седницата на косовското собрание одложена за петок, Хаџиу пак не е избрана за претседател
Конститутивната седница почна на 15 април, но четири пати беше прекината, прво поради тоа што во два наврати не беа потврдени мандатите на пратениците / AA
23 април 2025

Пратениците во Собранието на Косово ниту во средата не ја избраа за претседател Албулена Хаџиа, која беше предложена од движењето Самоопределување, со што по петти пат не успеа да се конституира новиот состав на парламентот, а седницата беше одложена за петок.

Претставничката на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари-Лила во изјава за новинарите во Приштина ги отфрли барањата на претставниците на опозицијата кои бараат од владеачката Самоопределување да го смени својот кандидат за претседател на Собранието.

„Албулена Хаџиу е жената со најмногу гласови на парламентарните избори, односно три пати повеќе гласови од претходниот претседател Рамуш Харадинај или двојно повеќе од целата група на Алијансата за иднината на Косово. Исто така, во споредба со самиот лидер на опозицијата, г-ѓа Албулена Хаџиу е 30 илјади гласови пред г. Красниќи“, рече кусари Лила.

Хаџиу на прес-конференција предупреди дека во последните денови била изложена на говор на омраза кој за никого не е прифатлив и потсети дека во текот на нејзината политичка кариера никогаш не гласала за нешто што е спротивно на законите на Република Косово.

Седницата ќе продолжи во петок.

Од потребниот минимум 61 глас, Хаџиу досега има добиено 57 гласа за претседател на Собранието на Косово, 48 од движењето Самоопределување и девет од претставниците на заедниците.

Конститутивната седница почна на 15 април, но четири пати беше прекината, прво поради тоа што во два наврати не беа потврдени мандатите на пратениците, а потоа и поради неуспешниот обид да се избере кандидат на Самоопределување за претседател на Собранието.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us