ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Израелските доселеници на Западниот Брег го претепаа корежисерот на оскаровецот „Нема друга земја“
Хамдан Балал, еден од палестинските корежисери на филмот „Нема друга земја“, кој освои Оскар за најдобар документарен филм, бил претепан од доселениците, а потоа бил приведен од израелската армија
Израелските доселеници на Западниот Брег го претепаа корежисерот на оскаровецот „Нема друга земја“
Рејчел Сзор и Хамдан Балал позираат со Оскарoт по доделувањето на наградите во Холивуд, Лос Анџелес на 2 март (Ројтерс) / Reuters
24 март 2025

Израелските доселеници денеска на окупираниот Западен Брег го претепаа Хамдан Балал, еден од палестинските корежисери на оскаровецот „Нема друга земја“, а потоа бил приведен од израелската армија, објавија активистите кои беа присутни на местото на настанот.

Десетици доселеници го нападнаа палестинското село Сусија во областа Масафер Јата, уништувајќи имот, според активистичката група Центар за еврејско ненасилство, пренесе АП.

Балал  добил повреди на главата, велат активистите.

Додека му била давана прба помош во амбулантно возило, војниците го задржале него и уште еден Палестинец, соопшти групата, додавајќи дека неговата моментална локација е непозната.

„Нема друга земја“, документарниот филм награден со Оскар на  се фокусира на илегалните градби и преземање земјиште од страна на Израел на окупираниот Западен Брег.

Го истакнува животот на палестинските селани под постојана закана од напади од илегални еврејски доселеници и соочени со тековни уривања на домови од страна на израелските сили.

Филмот „Нема друга земја“ е режиран од Израелеците Рејчел Сзор и Јувал Абрахам, како и од Палестинците Хамдан Балал и Базел Адра.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us