СПОРТ
1 мин читање
Полицијата ги заплени медицинските картони на Марадона во истрагата за неговата смрт
Претресот следеше по сведочењето на директорот на клиниката „Оливос“, Пабло Димитроф, чии изјави, според извори блиски до истрагата, отворија нови сомнежи за можна небрежност во третманот на познатиот спортист
Полицијата ги заплени медицинските картони на Марадона во истрагата за неговата смрт
Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар, а околностите под кои почина со години предизвикуваат контроверзии / AP
7 мај 2025

Полицијата во вторник под строги безбедносни мерки изврши рација во клиниката „Оливос“ во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, каде што беа запленети медицинските досиеја на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, како дел од истрагата за неговата смрт во 2020 година.

Операцијата ја водеше Единицата за сложени кривични дела на полицијата во Буенос Аирес, по наредба на судиите од кривичниот суд и на барање на обвинителот Патриши Ферари.

Властите бараат исчезната медицинска документација, која се однесува на процедурите извршени врз Марадона помеѓу 11 и 13 ноември 2020 година, само неколку дена пред неговата смрт.

Претресот следеше по сведочењето на директорот на клиниката „Оливос“, Пабло Димитроф, чии изјави, според извори блиски до истрагата, отворија нови сомнежи за можна небрежност во третманот на познатиот спортист.

Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар, а околностите под кои почина со години предизвикуваат контроверзии и судски постапки во Аргентина.

Во тек е судењето на седум медицински професионалци кои се грижеа за легенданиот аргентински фудбалер пред неговата смрт, а на кои им се суди за убиство од небрежност.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us