СВЕТ
1 мин читање
Трамп: Можеби привремено ќе има пониски царини за многу земји
Американскиот престедател најави дека од 2 април ќе следуваат реципрочни царини за многу земји што според него ќе придонесе за зголемување на америланското богатство.
Трамп: Можеби привремено ќе има пониски царини за многу земји
Američki predsjednik Donald Trump potpisao je u ponedjeljak izvršnu naredbu o uvođenju carina za zemlje koje uvoze venecuelansku naftu. / AA
25 март 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување пониски царини за многу земји додека се подготвува да воведе, како што вели, „реципрочни царини“ за нациите ширум светот од 2 Април.

Трамп смета дека зголемувањето на царините ќе придонесе за зголемување на американското богатство, за кое посочи дека е украдено од странски земји. Трамп рече дека наметнувањето на давачките ќе ги поттикне да ги намалат своите финансиски бариери, но рече дека неговата администрација може на крајот да наплаќа на некои земји помалку отколку што тие наплаќаат за американскиот извоз.

„Можеби ќе има пауза, одложување за многу земји, но тоа е реципрочно. Но, можеби ќе бидеме уште пољубезни од тоа. Знаете, долго време сме биле многу добри со многу земји, Јас тоа го нарекувам Ден на ослободувањето. 2 април е Ден на ослободувањето“, рече Трамп, мислејќи на неговиот краен рок.

Со воведувањето на неговиот план за реципрочни царини Трамп доведе до пад на глобалните пазари поради загриженоста за рецесија на американската економија. Тој во петокот рече дека ќе има флексибилност на неговиот план за реципрочни тарифи, откако се чинеше малку веројатно дека ќе дозволи исклучоци.

 

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us