СВЕТ
2 мин читање
Градските власти на Венеција пак почнаа со наплата на посета на градот
На туристите им се располагање 54 датуми за кога можат да резервираат билет преку Интернет за да го посетат градот и да платат 5 евра, а оваа сума е двојно поголема за оние кои ќе резервираат билет на само три дена пред пристигнувањето
Градските власти на Венеција пак почнаа со наплата на посета на градот
Градските власти лани на овој начин инкасирале 2,4 милиони евра / AP

Градските власти на Венеција од петокот повторно наплаќаат пет евра за посета на градот, а оваа сума ќе биде двојно поголема за оние кои ќе резервираат билет гпреку интернет на само три дена пред нивното пристигнување, јавуваат италијанските медиуми.

Посетата на градот нема да се наплаќа за оние кои резервираат ноќевање во Венеција, како и туристи од поширокиот регион Венето и деца под 14 години.

Градската управа им стави на располагање на туристите 54 датуми за кога можат да резервираат билет преку Интернет за да го посетат градот, се наведува на веб-страницата Veneziatoday.

Претежно станува збор за викенд денови, во периодот од 18 април до 27 јули, во временски интервал од 8:30 до 16:00 часот по локално време.

Доколку гостинот резервира хотелска соба, тој сепак ќе мора да ја регистрира својата посета на посебна веб-страница.

Туристите ќе добијат QR код што потоа треба да им го покажат на властите кои патролираат на главните точки за влез во градот, како што е железничката станица Санта Лусија.

Повеќе од 35.000 туристи веќе резервирале билет за посета на Венеција.

Градските власти лани на овој начин инкасирале 2,4 милиони евра.

Целта е да се одвратат од посета на градот оние кои остануваат во Венеција, која е преоптоварена со туристи, само преку ден, а не и преку ноќ.

Венеција минатата година забележа рекордни 3,9 милиони ноќевања, но десетици илјади други секојдневно се слеваа во тесните улички на градот, често од бродови за крстарење, за да ги видат знаменитостите, вклучувајќи го плоштадот Свети Марко и мостот Риалто.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

Венеција, која се простира на повеќе од 100 мали острови и островчиња во североисточна Италија, се смета за еден од најубавите градови во светот.

УНЕСКО го вброи градот и неговата лагуна како светско наследство во 1987 година, наведувајќи го како „извонредно архитектонско ремек-дело“.

Сепак, организацијата на ОН се закани дека ќе ја стави Венеција на својата листа на загрозено наследство, наведувајќи ги како причини масовниот туризам и зголемувањето на нивото на водата што се припишува на климатските промени.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us