СПОРТ
2 мин читање
Лаутаро: Сè уште ми е тешко да ја проголтам тагата, разочарувањето и горчината по натпреварот со ПСЖ
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, го прекина молкот по тешкиот пораз на тимот од 5-0 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Тој го стори тоа со објава на социјалните мрежи во која ја изрази својата тага поради болниот пораз.
Лаутаро: Сè уште ми е тешко да ја проголтам тагата, разочарувањето и горчината по натпреварот со ПСЖ
Лаутаро: Сè уште ми е тешко да ја проголтам тагата, разочарувањето и горчината по натпреварот со ПСЖ / Reuters
6 јуни 2025

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, го прекина молкот по тешкиот пораз на тимот од 5-0 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Тој го стори тоа со објава на социјалните мрежи во која ја изрази својата тага поради болниот пораз.

„Здраво, драги навивачи на Интер. Ви ја пишувам оваа порака неколку дена подоцна бидејќи ми беше и сè уште ми е тешко да ја проголтам тагата, разочарувањето и горчината по натпреварот во саботата. Ви се извинувам на сите вас што не можев да го остварам нашиот заеднички сон. Сакам да им се заблагодарам на сите „нероазури“ кои беа во Минхен, на „Сан Сиро“ и насекаде во светот. Вие секогаш сте единствени.

Во фудбалот, важни се трофеите што ги освојувате, тоа е неоспорно! Но, за мене, стигнувањето до две финалиња на Лигата на шампионите за три години по толку многу жртви исто така значи многу. Се боревме повторно да ги доживееме овие емоции, да освоиме трофеи и да ги оживееме ноќите како онаа на 22 април (со минатогодишното Скудето).

Од првиот ден кога пристигнав во Милано, моите соиграчи и јас работевме за Интер да го најде своето место во историјата и да се врати на местото каде што заслужува да биде. Има денови кога е лесно да се биде искрен, во други е задолжително, а во трети привилегија. Денес е задолжително за сите нас да бидеме такви. Денес, повеќе од секогаш, горд сум што го носам овој дрес и што сум капитен на овој тим и колектив. ЗАСЕКОГАШ ИНТЕР“, напиша Лаутаро покрај две црно-бели фотографии од себе, кои ја покажуваат неговата голема тага на теренот во Минхен.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us