ПОЛИТИКА
2 мин читање
Ројтерс: Путин е подготвен да ја заврши војната, бара крај на проширувањето на НАТО на исток
Извори за Ројтерс велат дека Русија, исто така, сака неутралност на Украина, укинување на некои западни санкции, решавање на прашањето со замрзнатите руски средства на Запад и заштита на рускојазичните области во Украина
Ројтерс: Путин е подготвен да ја заврши војната, бара крај на проширувањето на НАТО на исток
Путин е подготвен да склучи мир, но не по секоја цена, изјави висок руски извор / Reuters
28 мај 2025

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши војната во Украина, со писмено ветување од западните лидери дека ќе го спречи проширувањето на НАТО на исток, како и со укинување на некои санкции против Русија, објавува британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на три анонимни извори запознаени со преговорите.

„Путин е подготвен да склучи мир, но не по секоја цена“, изјави висок руски извор запознаен со позицијата на највисоко ниво во Кремљ, кој разговараше со Ројтерс под услов да остане анонимен.

Три руски извори ѝ рекоа на агенцијата дека Путин сака „писмена“ гаранција од големите западни сили да не го прошируваат НАТО алијансата на исток, што всушност значи формално исклучување на Украина, Грузија и Молдавија и другите поранешни советски републики од членство.

Русија, исто така, сака неутралност на Украина, укинување на некои западни санкции, решавање на прашањето на замрзнатите руски средства на Запад и заштита на рускојазичните области во Украина.

Кремљ, според изворите, верува дека Русија може да ја продолжи војната со години, без оглед на санкциите и економскиот притисок од Западот.

Друг извор посочува дека Путин е сè помалку склонен кон компромис по прашањето за територијата и дека останува на ставот дека Русија полага право на четири региони во источна Украина.

Од друга страна, Киев постојано повторува дека Москва не може да има право да стави вето на целта на Украина за приклучување кон НАТО и бара силни безбедносни гаранции од Западот со цел да ги одврати идните руски напади, според агенцијата.

НАТО постојано потврдува дека нема да ја менува политиката на „отворени врати“ поради руските барања, но портпаролот на Алијансата не одговори на прашањата на Ројтерс за овој услов на Путин.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us