Во Велика Британија родено првото бебе од трансплантирана матка
Мајката на бебето, 36-годишната Грејс Дејвидсон, е родена без функционална матка и ја добила матката од нејзината сестра во 2023 година - во дотогаш единствената успешна трансплантација на матка во Велика Британија
Во Велика Британија родено првото бебе од трансплантирана матка
Грејс и Ангус, кои живеат во северен Лондон, но по потекло се од Шкотска, се надеваат дека ќе добијат и второ дете / TRT Global
12 април 2025

„Девојчето чудо“ е првото дете во Велика Британија родено од мајка со донирана матка, објави Би-Би-Си.

Мајката на бебето, 36-годишната Грејс Дејвидсон, е родена без функционална матка и ја добила матката од нејзината сестра во 2023 година - во дотогаш единствената успешна трансплантација на матка во Велика Британија.

Две години по таа пионерска операција, Грејс го роди своето прво дете во февруари. Таа и нејзиниот сопруг Ангус (37) ја нарекоа својата ќерка Ејми по сестрата на Грејс која ја донираше нејзината утроба.

За прв пат да го држи во рацете бебето Ејми - кое тежело нешто повеќе од два килограми -  било „неверојатно“ и „надреално“, вели новата мајка Грејс.

„Бевме преплавени со емоции бидејќи никогаш навистина не си дозволивме да си замислиме како би било кога тоа би било тука. Беше навистина прекрасно“, рече таа.

Родителите се надеваат на второ бебе

Грејс и Ангус, кои живеат во северен Лондон, но по потекло се од Шкотска, се надеваат дека ќе добијат второ дете благодарение на трансплантирана матка.

Двојката првично сакаше да остане анонимна, но откако бебето Ејми безбедно пристигна на светот, тие сега зборуваат за Би-Би-Си за нивното „мало чудо“.

Хируршкиот тим за Би-Би-Си изјави дека по трансплантацијата на Грејс, извршиле уште три трансплантации на матка користејќи починати донатори. 

Тие имаат за цел да спроведат вкупно 15 трансплантации како дел од клиничкото испитување.

Грејс е родена со ретка состојба, синдром Мајер-Рокитански-Кастер-Хаусер (МРКХ), каде што матката недостасува или е недоволно развиена, но со функционални јајници.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us