ПОЛИТИКА
1 мин читање
Рубио: САД брзо ќе ги напуштат преговорите меѓу Русија и Украина ако нема напредок
Нема да продолжиме со овие настојувања со месеци, затоа сега треба многу брзо да утврдиме дали тоа е изводливо во следните неколку недели, ако не, тогаш имаме други приоритети на кои исто така треба да се фокусираме, рече Рубио
Рубио: САД брзо ќе ги напуштат преговорите меѓу Русија и Украина ако нема напредок
Рубио вчера во Париз имаше средбата со европските лидери и украинското раководство / Reuters
18 април 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови ќе се откаже од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, доколку јасно не се покаже дека таков договор е можен, изјави во петокот американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Нема да продолжиме со овие настојувања со недели и месеци. Затоа, сега треба многу брзо да утврдиме, а јас зборувам дека е прашање на ден, дали тоа е изводливо во следните неколку недели. Ако е така, сме влегле во процесот. Ако не, тогаш имаме други приоритети на кои исто така треба да се фокусираме“, изјави Марко Рубио во Париз, по средбата со европските и украинските лидери.

Рубио по состанокот во Париз имаше телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на кого му ја пренел истата порака.

За време на изборната кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на војната во првите 24 часа во Белата куќа. Тој го омекна тоа тврдење кога ја презеде функцијата, предлагајќи договор до април или мај, бидејќи пречките стануваат сѐ поголеми.

Коментарите на Рубио ги нагласуваат растечките фрустрации поради недостатокот на напредок во напорите за решавање на растечкиот список на геополитички предизвици.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us