СВЕТ
2 мин читање
Руте: Државите членки на НАТО да одвојуваат по пет проценти од БДП за одбраната
Првиот човек на Северноатлантската алијанса рече дека предложената цел вклучува 3,5% за основни трошоци за одбрана и 1,5% за инвестиции поврзани со одбраната, како што се инфраструктурата и индустрискиот капацитет.
Руте: Државите членки на НАТО да одвојуваат по пет проценти од БДП за одбраната
El secretario general de la OTAN, Mark Rutte, habla durante una rueda de prensa en vísperas de una reunión de ministros de Defensa de la OTAN / Reuters
5 јуни 2025

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека на претстојниот самит во Хаг ќе предложи достигнување нова цел од страна на државите членки кога се трошоцте за одбрана во прашање. Според Руте со одвојување на 5% од БДП тие ќе придонесат за зајакнување на сојузничкото одвраќање во услови на растечки глобални закани.

 Зборувајќи на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Руте рече дека предложената цел вклучува 3,5% за основни трошоци за одбрана и 1,5% за инвестиции поврзани со одбраната, како што се инфраструктурата и индустрискиот капацитет.

 “Се согласивме за амбициозен нов сет на цели за способности. И ова е толку важно, овие цели точно опишуваат во кои способности сојузниците треба да инвестираат во наредните години“, рече тој, нарекувајќи ја одлуката „историска“.

 Тој потврди дека новата цел ќе важи за сите сојузници, вклучително и САД, и изрази увереност дека ќе се постигне конечен договор пред самитот, кој е закажан за 24-25 јуни.

 „Постои широка поддршка“, рече тој, додавајќи дека се очекува декларацијата од самитот да се фокусира на трошењето, индустриското производство за одбрана и поддршката за Украина.

 Руте, исто така, ја потврди улогата на НАТО како нуклеарен сојуз „сè додека постои нуклеарно оружје“, предупредувајќи дека зголемувањето на производството на одбранбената индустрија е од суштинско значење за одржување на одвраќањето.

 

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us