СВЕТ
1 мин читање
Тројца загинати во Украина при руските напади со дронови
„Масивен напад со беспилотни летали доведе до трагични последици. Три лица загинаа во Днепар, меѓу кои и едно дете“, се вели во соопштението објавено од гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак на Телеграм
Тројца загинати во Украина при руските напади со дронови
Тројца загинати во Украина при руските напади со дронови / Reuters
17 април 2025

Украина соопшти дека три лица загинале, а 31 се повредени во напад на руско беспилотно летало врз југоисточниот град Днепар.

„Масивен напад со беспилотно летало доведе до трагични последици. Три лица загинаа во Днепар, меѓу кои и едно дете“, се вели во соопштението објавено од гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак на Телеграм.

Тој додаде дека општинските работници се на местото на нападот, а полицијата и хуманитарните организации поставиле шатори.

„Оштетени се најмалку 15 згради, вклучувајќи студентски домови, образовни институции и погони за преработка на храна“, објави и градоначалникот на Днепро Борис Филатов на Телеграм.

Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили тврдат дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала 25 од 75 руски беспилотни летала, кои летале над регионите Доњецк, Харков, Суми и Дњепропетровск.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повтори повикот да се изврши поголем притисок врз Русија за прекин на конфликтот и обезбедување стабилен мир.

„Секој одбранбен пакет од нашите партнери за Украина во моментов, секоја форма на поддршка од светот за нашата отпорност, е буквално заштита на животите“, објави Зеленски на Х.

Руските власти се уште не ги коментирале нападите.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us