СПОРТ
2 мин читање
Борусија и Вила победија, но Барселона и ПСЖ се пласираа во полуфиналето на ЛШ
По победата со 3:1 во Париз, ПСЖ загуби со 3:2 во Бирмингем и покрај тоа што водеше со 2:0, но се пласираше, додека Барселона беше поразена од Борусија Дортмунд со 3:1, по победата со 4:0 на домашен терен
Борусија и Вила победија, но Барселона и ПСЖ се пласираа во полуфиналето на ЛШ
Гираси постигна хет-трик во големата победа над Барселона и стигна до својот 14. гол во Лигата на шампионите оваа сезона / AP
15 април 2025

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Барселона се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако ги елиминираа Астон Вила и Борусија Дортмунд.

По победата со 3:1 во Париз, ПСЖ загуби со 3:2 во Бирмингем и покрај тоа што водеше со 2:0, но се пласираше, додека Барселона беше поразена од Борусија Дортмунд со 3:1, по победата со 4:0 на домашен терен.

ПСЖ поведе на Вила Парк во 12. минута, кога Ашраф Хакими наиде на одбиена топка и ја испрати во мрежата со прецизен удар од 12 метри. Сите дилеми околу полуфиналистите ги реши Нуно Мендеш во 28. минута по контранапад и асистенција на Усман Дембеле.

Надежта на домаќините им ја врати Јури Тилеманс со голот во 35. минута по додавањето на Џон Мекгин, кој израмни на 2:2 во 55. минута. Три минути подоцна Езри Конса донесе целосен пресврт и водство на домашните, а истиот играч пропушти колосална шанса на крајот од мечот да го доведе натпреварот во продолжение.

Во Дортмунд Серу Гираси го постигна водечкиот гол за Борусија во 11. минута од пенал кој го направи гостинскиот голман Војќех Шчесни. Гираси во 49. минута ја удвои предноста на домашните по гужва во петерецот по корнер и со тоа им донесе надеж на домашните навивачи дека е можен чудесен пресврт. Но Барселона со автоголот на Рами Бенсебаини во 54. минута ги реши сите дилеми околу пласманот во полуфиналето.

Во 76. минута Гираси го комплетираше хет-трикот по големата грешка на капитенот на Барселона Роналд Араухо и стигна до својот 14. гол во Лигата на шампионите оваа сезона.

Барселона во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Интер и Баерн, а ПСЖ против победникот од дуелот помеѓу Реал и Арсенал, кои се играат утре.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us