17 април 2025
Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ја зема и 62 жртва.Се работи за Стојанче Стефанов од Кочани роден 2001 година. Тој се лекуваше на ВМА во Белград.
Бил опериран на 4 април и бил поставен на апарат преку кој се врши оксигенација на крвта поради вдишаниот чад. Но поради сериозноста на повредите бил во тешка состојба.
“Станува збор за пациент кој од првиот ден согласно извршената тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување на Воено медицинската академија во Белград. Се работии за пациент со 27 отсто изгореници и сериозни повреди од вдишување чад”, информира Министерството за здравство.